Англија го укинува тестирањето за оние патници кои се вакцинирани

Патниците од странство кои патуваат во Англија повеќе нема да мора да се тестираат за коронавирус доколку се целосно вакцинирани, јавува Би-Би-Си.

Промените стапуваат на сила во 4 часот наутро на 11 февруари, а информацијата ја потврди тамошниот министер за транспорт Грант Шапс.

Ублажени се и мерките за невакцинираните патници - ќе им треба само тест пред патувањето и тест после два дена во земјата.

Шапс исто така вели дека секој што пристигнува во Англија, без оглед на статусот на вакцинација, мора да го пополни формуларот достапен на официјалната веб-страница.

Шкотска, Велс и Северна Ирска ја следеа Англија во претходните измени на мерките, а нивната одлука сè уште се чека.

Овој потег е поздравен од туристичкиот сектор, еден од секторите најмногу погодени од мерките за коронавирус.

 

24.01.2022 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега