Ангеловски: Внатрешна контрола ги испита наводите за следење и малтретирање од полициски службеници – ВМРО-ДПМНЕ шири невистини

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски вели дека Одделот за внатрешна контрола ги испитала наводите од ВМРО-ДПМНЕ дека полициски службеници се организирале за следење и малтретирање кандидати и активисти на партијата во Прилеп. Меѓутоа, истрагата покажала дека нема незаконско или непрофисонално постапување од страна на полициските службеници.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР ги изврши потребните проверки по наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за планирано физичко малтретирање од страна на полициски службеници вработени во ОВР Прилеп, при што констатира дека во ПС Прилеп, Помошниот оперативен штаб и Републичкиот оперативен штаб локални избори 2021 нема регистрирано пријава од граѓанин или правен субјект дека во предизборниот период, денот на гласањето или во постизборниот период од страна на полициски службеници при преземање на службени дејства е постапувано незаконски или непрофесионално или на кој било начин е малтретиранo лице при вршење на служба, како што беше изнесено на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.  На денот на изборите, 17 октомври во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што исто така говори дека наведените дејствија, всушност не се случиле. МВР е гарант за слободно изразување на вољата на гласачите на изборите од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму. Апелираме , ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја во недела  на вториот круг од локалните избори, рече Ангеловски.

27.10.2021 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега