Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов одржа два работни состанока со претставници на дел од доброволните противпожарни друштва (ДПД) од Македонија, со цел поефикасно дејствување при гаснење пожари на отворен простор и при други евентуални потреби за заштита и спасување.
На двата состаноци посебен акцент беше ставен на подобрувањето на координацијата во системот за заштита и спасување, а се разговараше и за унапредување на улогата и капацитетите на доброволните противпожарни друштва, можностите за нивното активно вклучување во гаснењето на шумските пожари во претстојната летна сезона, а и за продлабочување на соработката со ДЗС преку обуки, тренинзи, заеднички вежби и размена на искуства и научени лекции.
Инаку, доброволните противпожарни друштва претставуваат значаен партнер во системот за заштита и спасување, а нивната посветеност, искуство и подготвеност се од исклучителна важност за заштитата на граѓаните во современата денешница.


