Ангелов: Барањата на Бугарија се апсурдни

 

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, со претставници на семејства на загинати и воени инвалиди кој при распадот на Југославија се бореа во ЈНА положи свежо цвеќе на загинатите борци во овој конфликт.

Тој пред новинаите изјави дека Бугарија во Втората светска војна била окупатор.

Според него општо познато е дека Германија ја окупирала Македонија, а бугарската држава била администратор што дефакто ја прави окупатор.

Тој истакна дека ние како држава треба да се фокусираме на иднината, а не на историјата, прво затоа што позицијата на Бугарија е апсурдна, а второ затоа што додека Бугарија и Македонија се караат за историјата, Илон Маск денеска лансираше четворица астронаути во меѓународната вселенска станица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2020 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега