Ангел Димитров: Сè потешко ми е да информирам за работата на заедничката комисија за историски прашања

Сè потешко ми е да ве информирам за работата на нашата комисија. Не сме во позиција бидејќи не се постигнати резултати. Веќе две години не можеме да зборуваме за резултат. Ова на денешниот брифинг како што пренесуваат бугарските медиуми го истакнал Ангел Димитров копретседателот на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Македонија.

„Се надевавме дека нешто може да се промени. Тоа го направивме за да може да се постигне договор, но вчера попладне нешто се промени и нашите колеги од РСМ се вратија на старите позиции. Нашите колеги не можат да дозволат размислување за заедничка историја и за она што е запишано во Договорот за пријателство и добрососедство“, рече Димитров.

Според него, Македонците како што вели, не покажуваат никаква желба да имаат заедничко чествување на заеднички личности.

„Нашата желба да излеземе од ќорсокакот декларативно ја поддржуваат нашите колеги, јавно се кажуваат работи кои навистина немаат врска со работата на заедничката комисија, рече историчарот и посочи дека не гледа никаква желба од страна на РСМ.

„За жал, сите наши обиди да направиме чекор напред застанаа. Наводите на РСМ потонаа во јамата на безволност ископана од нив, заклучи тој.

22.10.2021 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега