Анџела Прајс Агелер предлог за нов амбасадор на САД во Македонија

 

Белата куќа објави список со имиња кои ќе се номинираат за амбасадароските места на САД во неколку држави, како и во Македонија, а кандидатка за таа позиција во нашата држава е Анџела Прајс Агелер.

Доколку биде потврден предлогот на американскиот претседател Џо Бајден, Агелер ќе ја замени актуелната амбасадорка Кејт Мери Брнз.

Агелер и претходно работеше во Скопје како службеничка за односи со јавноста во американската амбасада, а исто така зборува неколку јазици, меѓу кои француски и македонски.

Агелер во минатото била на дипломатски задачи во амбасадите во Буркина Фасо, Унгарија, Виетнам, Индија, а работела и како заменик-помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија, како  портпаролка на Бирото за конзулни прашања во Стејт департментот.

26.05.2022 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега