Претседателот Филипче ја презентираше новата предлог Платформа на СДСМ од која ќе произлезе новата програма на партијата. Преку инклузивен процес и широка дебата со членството и граѓаните ќе биде подготвена финалната верзија на Програмата која ќе биде презентирана и усвоена на програмскиот Конгрес на СДСМ.
Свикување на 32 Конгрес – програмски конгрес на 7 јуни (недела).
За нови членови на Централниот и на Извршниот одбор на СДСМ избрани се:
Соња Стаменкова – актуелна градоначалничка на Македонска Каменица.
Слободен Чокревски – професор, поранешен носител на неколку јавни функции.
Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ
Тања Илијовска – Дипл. економист.
Рубин Земон – Д-р по етнологија, поранешен пратеник.
За Меѓународен секретар на СДСМ избран е: Андреј Жерновски.
Нов, втор Организациски секретар на СДСМ е избран Зоран Трифуновски.
Распишан оглас за избор на Претседател на Форум на пензионери на СДСМ, соопштија од СДСМ.

