Андреевски: 135 сообраќајни прекршоци

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки.

Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски извести дека од напишаните казни, за возење без возачка дозвола биле 11, осум за непрописно престројување, шест за возење под дејство на алкохол.
Изречени биле шест мерки за користење мобилен телефон, 10 прекршоци што ги чинат пешаците, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 59 за непрописно паркирање.

„Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“ дополнува Андреевски.  

01.10.2021 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега