Андоновски за тендерот за Коридорот 8: Мислам дека оправдани ни се сомнежите, но ЈО е многу пасивно и не реагира

 
Станува збор за една многу сомнителна врска, една многу сомнителна корпорација или конгломерат на фирми, а во исто време се исплаќаат по околу 300 илјади евра по човек во тие фирми, што значи еден таканаречен експерт, еден консултант ќе добива 300 илјади евра паушал за својата работа и оправдани ми се чини дека ни се сомнежите дека станува збор за сериозна коруптивна зделка, особено имајќи предвид дека не станува збор за некои светски експерти кои што би биле ангажирани, туку станува збор за луѓе од најблиското соседство, дали од Србија дали од Црна Гора. Значи не станува збор за некои светски познати експерти или светски познати компании, туку компанија која што има седиште во Велес, компанија која што е директно поврзана со криминал во Ерменија и компании кои што имаат кинески менаџмент, ова во неговото гостување во емисијата „Интервју во Шења“ на ТВ Шења, зборувајќи за сомнителниот договор и можните злоупотреби во постапката за избор на надзорните фирми за мониторинг на изградбата на коридорите 8 и 10-Д.
 

Тој исто така додаде дека оваа влада сака да се прикаже како проевропска и проамериканска, а од друга страна соработува со фирми кои се поврзани со Русија.

„Оваа влада функционира на типот „слушајте што зборувам, не гледај што правам. Имаше една многу сериозна набавка, компјутерска опрема за МВР која што беше од Босна и Херцеговина со директни врски со Руската Федерација и со сегашниот претседател на Република Српска, Милорад Додик. Има и бројни вакви случаи кои што ни се појавуваат, но не можеме како опозиција сите доволно да ги до истражиме имајќи во вид дека обвинителството е многу пасивно и не реагира навреме“, потенцираше Андоновски додаде дека кревањето на темата е многу значајно па затоа се надева дека институциите ќе си ја завршат работата и ќе се превенира ваквиот договор:

„Сега слушнавме дека има размислувања за отворање предмет и за овој случај. Има коментари дека и Обвинителството размислувало да отвори некоја предистражна постапка по допрен глас. Алармантно е што не само ние туку и истражувачки агенции од поширокиот регион го отворија ова прашање. Видов дека беше поставено како прашање и на глобалниот претставник за антикорупција на Стејт департментот на САД, тој сигурно не беше запознаен со овој единствен предмет, но мислам дека кревањето на темата е многу значајно и се надеваме дека ќе превенираме. Се надевам дека институциите го слушаат барем тој претставник затоа што многу долго време некако јавно владата се колне во таа врска со САД и стратешкото партнерство, но кога станува збор за пракса гледаме дека се или не знаат или не биле тука или не се информирани“.
15.03.2023 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа