Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски: Македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација

    11.03.2026 во 23:22

    Георгина се спакува и го напушти семејниот дом

    11.03.2026 во 23:07

    Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце

    11.03.2026 во 22:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација
    • Георгина се спакува и го напушти семејниот дом
    • Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце
    • ДУИ: Итна оставка од Костадиновски
    • ФФМ ја казни Шкендија со 5.000 евра
    • Тренчевска: Цените растат, власта не го штити животниот стандард на граѓаните
    • Дарко се онесвестил кога дознал за смртта на братот, неколку часа претходно заедно пиеле кафе
    • Пренџов: Целта на работната група за Изборниот законик е да се дојде до подобар и поквалитетен изборен процес
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: За една и пол година е дуплиран бројот на корисници на националниот портал – uslugi.gov.mk

    Андоновски: За една и пол година е дуплиран бројот на корисници на националниот портал – uslugi.gov.mk

    29.11.2025 во 12:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На денешната промоција на Националниот портал за електронски услуги во Битола, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот Тони Коњаноски, присуствуваа на настанот во рамки на караванот на Министерството за дигитална трансформација за промоција и приближување на порталот uslugi.gov.mk до граѓаните.

    „Денеска порталот има близу 240.000 корисници, што покажува голем интерес на граѓаните за електронските услуги. Сè повеќе ги користат истите, бидејќи им нудат можност побрзо да стигнат до посакуваната услуга и побрзо да си ја завршат својата работа“, истакна Андоновски.

    Министерот го спомена и позитивниот пример со ваучерите за електронски уреди за студенти, за кој рече дека услугата целосно се добива онлајн.

    „Би сакал да ја искористам оваа прилика и да ја информирам јавноста дека 39.000 студенти на додипломски студии веќе аплицирале и го добиле својот ваучер, а 20.800 веќе ги искористиле и си набавиле електронски уред“, изјави Андоновски, додавајќи дека Битола е секогаш во фокусот на министерството. Тој се осврна и на Центарот за услуги во Битола, за кој рече дека бележи одлични резултати и висока посетеност на граѓаните.

    Градоначалникот Тони Коњаноски го поздрави присуството на министерот Андоновски, за кој рече дека е еден од најактивните и дека придонесува дигиталните услуги да се доближат до граѓаните во ова време на дигитална ера. Тој најави и идна соработка на Општина Битола со Министерството за дигитална трансформација со цел дигитализација на општинските услуги.

    Популарно

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот – за неколку дена почнува летното сметање на времето

    11.03.2026 во 12:07

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.