Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон

    Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон

    12.09.2026 во 10:263 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е во фаза на тестирање. Нема да биде задолжителна за граѓаните и ќе можат и понатаму да ги користат постојните физички документи.

    Апликацијата ќе ги содржи личните документи на граѓаните во електронска форма, меѓу кои личната карта и возачката дозвола, а во почетната фаза преку неа ќе бидат достапни и неколку електронски услуги од јавната администрација.

    – Ветив дека во втората половина од мандатот ќе успееме да подготвиме мобилна апликација. Сега конечно можам да кажам дека таа е подготвена и во моментов ја тестираме. Во октомври ќе организираме голем настан на кој ќе ја промовираме пред граѓаните, истакна Андоновски во емисијата „Меѓу редови“ на Алфа ТВ.

    Тој објасни дека м.Услуги е замислена како единствено место преку кое граѓаните ќе можат да пристапуваат до своите документи и до услугите на државата.

    – Ја замислуваме како апликација што ќе ви биде потребна за сè што сакате да завршите, а е поврзано со државата. Во моментов постојат повеќе различни апликации и системи, а нашата цел е услугите за граѓаните да ги обединиме на едно место. За почеток, во апликацијата ќе бидат достапни електронската возачка дозвола и електронската лична карта, како и неколку електронски услуги од јавната администрација, посочи Андоновски.

    Апликацијата е изработена во рамки на проект вреден 1,5 милиони евра, обезбеден во соработка со надлежните институции од Полска и Украина и со Европската Унија.

    – Државата не ја плати изработката на апликацијата. Станува збор за голем проект што го донесовме во 2024 година во соработка со полското и украинското министерство и со Европската Унија. Апликацијата е изработена од македонски инженери, таа е македонски производ и останува во сопственост на државата, рече Андоновски.

    Најави дека првата верзија на м.Услуги континуирано ќе се надградува со нови содржини и функционалности, со крајна цел апликацијата да прерасне во европски дигитален паричник.

    – Ова е првата верзија и очекувано е да има простор за подобрување. Но, ние веќе размислуваме за втора верзија, која ќе содржи повеќе функционалности и постепено ќе прерасне во вистински дигитален паричник. Крајната цел, утврдена и во Реформската агенда, е до 2028 година тој да стане европски дигитален паричник. Со тоа, Македонија ќе биде меѓу првите петнаесетина европски држави со ваков тип современа апликација, заклучи Андоновски.

    Рече дека сеуште има институции кои не ги прифаќаат електронските документи на граѓаните, иако тоа е нивна законска обврска.

    – За правните лица, односно институциите што нема да го почитуваат законот, ќе следуваат предвидените казни. Во наредниот период тоа ќе биде предмет на надзор од страна на надлежниот инспекторат. Оставивме доволно време и простор за приспособување, но сега мора да го почитуваме законот и да бидеме во чекор со светот, нагласи Андоновски. 

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16

    Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините

    06.10.2026 во 17:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.