Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

    24.03.2026 во 19:51

    Муцунски заминува за Полска: Има набиена агенда

    24.03.2026 во 19:33

    Прекинато ричиштето Онкологија 2: Бегова казнета со 500 евра

    24.03.2026 во 19:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја
    • Муцунски заминува за Полска: Има набиена агенда
    • Прекинато ричиштето Онкологија 2: Бегова казнета со 500 евра
    • Аларм од најновиот извештај – Македонија 34-та во светот и втора земја со најзагаден воздух во Европа
    • „Сега е шансата“ – Саудискиот принц го убедува Трамп дека мирот со Техеран е грешка
    • Гардијан: Венс би можел да ја предводи американската страна во разговорите за Иран
    • СДСМ бара ОЈО веднаш да отвори предмет за Трајко Славески и двајца Вицегувернери на НБМ
    • Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство – жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

    Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

    24.03.2026 во 19:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата.

    “Ние имаме Национален Документ менаџмент систем со електронска архива, кој што автоматски кога ќе внесете предмет во архива, таа му доделува број и никој веќе не може да го изгуби тој предмет, не може тој предмет да се заборави, да биде во фиока. Точно се знае кога ќе влезе предметот во институцијата, каде е тој распределен, кој е одговорен за него и колку време стои во определена фаза на постапката. Многу е едноставен продуктот, којшто го имаме, јас кога дојдов во институцијата еДМС го користеа околу 20 институции, денес веќе активно имаме 45. Во тие 20 институции бројот на предмети е пораснат на околу 60.000, што значи скоро е триплирана Фреквенцијата. И ако сме имале 0,1 или 0,2 нови институции месечно приклучени – денес имаме во просек 4 нови институции месечно”, истакна Андоновски.

    Министерот дополни дека со овој чекор повеќе нема да има предмети чувани по фиоки или заборавани од страна на државните органи.

    “Мојот предлог е и јавното обвинителство да го преземе овој наш систем и целата документација електронски да ја архивираме, за секој нов предмет кога ќе пристигне во ЈО како кривична пријава или преставка од граѓани, тој веднаш да биде електронски заведен. Тогаш веќе нема да може определни обвинители да заборават предмети, да ги изгубат, а раководителите во обвинителството ќе може да ги следат тие предмети. На тој начин бришеме уште една можност за корупција”, дециден е Андоновски.

    Тој потенцираше дека со овој систем се зголемува и комуникацијата на институциите меѓусебно, но и дека предметите нема да патуваат со денови, туку со секунди.

    Популарно

    Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

    24.03.2026 во 19:51

    Муцунски заминува за Полска: Има набиена агенда

    24.03.2026 во 19:33

    Прекинато ричиштето Онкологија 2: Бегова казнета со 500 евра

    24.03.2026 во 19:23

    Аларм од најновиот извештај – Македонија 34-та во светот и втора земја со најзагаден воздух во Европа

    24.03.2026 во 18:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.