Андоновски на средба со Абдула Насер Лоота

 

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во рамки на Светскиот самит за Влади 2025 во ОАЕ се сретна со Абдула Насер Лоота, заменик министер за кабинетски работи за конкурентност и размена на знаење во ОАЕ.

На средбата, како што соопшти Министерството за дигитална трансформација, се разговарало за развојот и конкурентноста во управувањето со податоци во која што Лоота ја имал клучната улога во зајакнување на позицијата на ОАЕ на глобалната сцена, со особен акцент на одржливиот развој и иновациите во  областа на управувањето со податоци.

Андоновски ја истакнал заложбата на македонската Влада за напредок на земјата во областа на дигиталната трансформација на општеството, економската трансформација, како и за поволните услови за водење бизнис.

- Македонија мора повторно да ја ставиме на мапата на држави кои се пионери во напредокот, иновациите, со достапни услуги за граѓаните и бизнис секторот. Како мала држава имаме огромен потенцијал за соработка и размена на знаења со успешни држави како Обединетите Арапски Емирати, истакнал министерот Андоновски. 

13.02.2025 - 11:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега