Close Menu
Press24
    Најново

    Премиерот Мицкоски во работна посета на Штип

    05.03.2026 во 08:06

    Внимателно на патиштата – АМСМ информира за состојбата

    05.03.2026 во 08:04

    Топло ама со дожд и грмежи – Ќе се врати ли сонцето за викендот?

    05.03.2026 во 08:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Премиерот Мицкоски во работна посета на Штип
    • Внимателно на патиштата – АМСМ информира за состојбата
    • Топло ама со дожд и грмежи – Ќе се врати ли сонцето за викендот?
    • Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син
    • САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко
    • Хорор вечер за 65-годишен скопјанец, две лица му се заканувале со остар предмет
    • Макрон со апел до Нетањаху: Не влегувајте со војска во Либан, тоа е огромна грешка
    • 8-ми март ќе им го промени животот: Три хороскопски знаци ќе добијат награда што не се купува со пари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Медиумите да останат сплотени – опозицијата не смее да врши притисок врз новинарите

    Андоновски: Медиумите да останат сплотени – опозицијата не смее да врши притисок врз новинарите

    28.01.2026 во 09:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето на телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, истакна дека Владата направила значаен чекор со тоа што онлајн медиумите и интернет порталите се препознаени во Законот за медиуми.

    „Мислам дека направивме многу добар чекор што ги внесовме во Законот за медиуми онлајн медиумите, интернет порталите на барање на здруженијата на портали. Со една брза измена на Законот за медиуми успеавме да ги препознаеме како медиуми и голем дел од нив, можам да кажам најлегитимните, веќе се регистрирани во регистарот на АВМУ“, посочи Андоновски, додавајќи дека ова е важно бидејќи порталите и новинарите сега полесно ќе можат да ја бараат својата заштита, имајќи предвид колкав легитимитет и читаност имаат во општеството.

    Министерот најави дека за првпат ќе се донесе Стратегија за развој на медиумите во Македонија.

    Во контекст на актуелните состојби, Андоновски предупреди дека е недозволиво политичка партија да спроведува кампања против медиум.

    „Недозволиво е да се спроведува кампања против медиум од страна на политичка партија, ова е многу штетно и една од работите коишто ќе се случат поради ова е да добиеме полоша оценка за медиумите во извештајот на Европската унија и извештајот на Репортери без граници, но не заради владата туку затоа што политичарите вршат притисок врз медиуми“, нагласи министерот, изразувајќи загриженост дека ваквиот пристап може да има негативни последици.

    На крајот, Андоновски упати апел медиумите да останат единствени и професионални.

    „Медиумите да останат сплотени, професионални и да продолжат да го прават тоа што го прават до сега и понатаму. Ме радува што се покажа единственост од сите синдикати и здруженија – така треба да се постапува секогаш кога било кој ќе се осуди да се закани и да критикува определен медиум само затоа што не се согласува со неговите ставови“, заврши министерот Андоновски.

    Популарно

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Неколку скопски улици утре ќе останат без струја до 13 часот

    04.03.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.