Структурните реформи со кои Филипче и СДС сугерираа нивен нов почеток, на повидок никаде ги нема и покрај фактот што Филипче ја доведе СДС до степен на трета партија во државата и петта на ниво на Градот Скопје, рече на денешната прес-конференција Викторија Андоновска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Јасно е дека со ваквото однесување СДС навлегува во се подлабoка политичка криза. Безидејноста и дезориентираноста кај СДС е очигледна и дополнително ги поткопува нејзините веќе разнишани темели, вели Андоновска.
„Крајно време е СДС да се реформира. Оставката на Филипче е неизбежна доколку партијата сака и понатаму политички да егзистира.
Во СДС има чесни и трудољубиви активисти, но не можат да дојдат до израз поради Филипче, неговиот ментор Заев и политиките што ги водат со кои го доведоа СДС во овој стадиум.
Македонскиот политички систем има потреба од опозиција со интегритет и визија, затоа СДС мора конечно да се ослободи од прангите на Филипче и Заев“, посочи Андоновска.
- Скриен арсенал: Иранското министерство за одбрана тврди дека најмоќното оружје уште не е употребено
- Орбан и напиша писмо на Фон дер Лајен: Зеленски ме уценува
- Вреди наскоро ќе биде една партија
- Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби
- Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон
- (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат
- Пошумување на опожарена површина на Голак
- Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен


