Close Menu
    Најново

    Анџелина Џоли го напушта Холивуд

    05.01.2026 во 23:47

    Нафтата поскапе по американската операција во Венецуела

    05.01.2026 во 23:22

    Киев: Русија систематски ги напаѓа американските компании во Украина

    05.01.2026 во 22:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Анџелина Џоли го напушта Холивуд
    • Нафтата поскапе по американската операција во Венецуела
    • Киев: Русија систематски ги напаѓа американските компании во Украина
    • Почина унгарскиот олимписки шампион во кајак
    • Значењето на бадниковото гранче
    • Анкета: Само 33% од Американците ја поддржуваат операцијата во Венецуела
    • Ердоган: Венецуела не смее да биде дестабилизирана
    • Волц: САД не ја окупираат Венецуела, апсењето на Мадуро е „акција на органите на редот“
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Анџелина Џоли го напушта Холивуд

    Анџелина Џоли го напушта Холивуд

    05.01.2026 во 23:47
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Американската глумица Анџелина Џоли го напушта Холивуд за да почне ново поглавје во својот живот, многу веројатно – вон САД. Познатата актерка, режисерка и хуманитарка, имено, го продава својот имот „Сесил Б. Демил“ во Лос Анџелес, вреден 25 милиони долари, каде што живее од 2016 година и веќе го покажува на потенцијални купувачи, пишува „Пејџ сикс“ (Page Six).

    Главната причина за заминувањето на Џоли, која е на самиот почеток од шестото десетлетие од својот живот, е нејзиниот мачен развод од поранешниот сопруг Бред Пит (62), со кого конечно постигна спогодба на 30 декември 2024 година – осум години откако поднесе барање за развод, според Џеј Бенџамин – глумец и продуцент чиешто познанство со Џоли датира од 2005 година.

    – Не може доволно да се оддалечи од драмата… Единствениот начин да се одмори е да си замине. Таа ќе си оди и ќе се опушти – ќе прави само работи што го движат нејзиното срце, душа и страст. Таа е прекрасна, талентирана и великодушна жена, додаде Бенџамин.

    Џоли и претходно изрази желба да го напушти Лос Анџелес, нагласувајќи дека е врзана за градот само додека сите нејзини шест деца од врската и бракот со Пит не наполнат 18 години. Тоа ќе се случи во јули оваа година, кога близнаците Нокс и Вивиен го слават 18. роденден. Џоли и Пит го имаат и Медокс (24), кој е роден во Камбоџа, Пакс (22) посвоен од Виетнам, ќерка им Захара (20) од Етиопија и Шајло (19).

    Нејзиниот однос со Пит беше затегнат по инцидентот во приватен авион во 2016 година, кога Џоли го обвини за физички и вербален напад врз неа и децата. На Џоли ѝ беше доделено примарно старателство, а некои од децата оттогаш одлучија да се откажат од презимето Пит.

    Глумицата, инаку, оваа година планира да го минува своето време меѓу Њујорк – каде што го води својот моден колектив „Ателје Џоли“, Европа каде што бара „повеќе приватност“, и Камбоџа – нејзиниот долгогодишен втор дом, чиј граѓанин е.

    Иако веќе не работи за Обединетите нации, нејзината хуманитарна работа продолжува. Таа ја посети Газа со американска делегација, каде што се сретна со хуманитарни работници и повредени Палестинци кои се лекуваат во Египет.

    – Не би била глумица денес, изјави таа за „Волстрит џурнал“ во 2023 година, објаснувајќи дека се налутува на очекувањето дека јавните личности споделуваат толку многу за себе. – Кога почнував, немаше потреба да бидеме толку присутни во јавноста.

    И, додека таа се повлекува од глумата, Бред Пит сѐ повеќе се вкоренува во Холивуд. Неговата продуцентска куќа „План Би ентертејнмент“ (Plan B Entertainment) сѐ уште ужива успех со филмовите како „Битлџус“ и серијата во три дела – „Проблем со телото“, а самиот тој ја има главната улога во драмата „Формула 1“ (F1).

    Популарно

    Алиу предупредува: Пикот на грипот доаѓа за две недели, еве како да се заштитите

    05.01.2026 во 15:57

    (ВИДЕО) Македонски автобус излета од автопат во Србија

    05.01.2026 во 09:57

    Крај за хартиените документи и даночните затајувања: Стартува системот „Е-фактура“

    05.01.2026 во 14:55

    Испланирајте пред време: Оваа година има дури седум продолжени викенди

    05.01.2026 во 09:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.