Анализите покажаа - Дали водата во Скопје е безбедна за пиење?
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 200 примероци од 45 мерни места.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 24-ти до 28 март зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа