Анализа на хрватскиот научник: Сега сме во средината на првиот бран на коронавирусот

Молекуларниот биолог и еден од водечките светски научници Иван Ѓикиќ, коментирајчи го новиот раст на бројот на заразени со коронавирусо во регионот и светот, тврди дека ова е само показател дека станува збор за опасен вирус и дека дошло до нагло опуштање.

Ѓикиќ истакнува дека првиот дел од појавата на вирусот доста добро бил смирен со воведување на епидемиолошки мерки, но дека после тоа дошло до попуштање и на мерките и на однесувањето на луѓето.

„Не бевме свесни дека вирусот и понатаму живее околу нас и се шири, но тивко. Ова е и понатаму прв бран и повторена појава на локалното ширење на вирусот за време на првиот бран. Зошто е тоа точно? Затоа што во првиот бран во целиот свет имаме повеќе од 10 милиони заразени, повеќе од 180.000 луѓе дневно новозаразени/ Ние сега сме на средината на првиот бран на пандемијата коронавирус во светот. Ова не е втор бран и вирусот не олабел“, истакнал Ѓикиќ.

Тој тврди дека во регионот на почетокот добро се реагирало, се намалило ширењето на вриусот, но „не бил комплетно уништен“.

„Тој сега повторно се појави во истата средина каде што беше и претходно, но не правевме доволно тестирања, па не знаевме. Не сакавме да слушаме дека вирусот е околу нас и кога мислевме дека се е готово, сите се опуштивме. Мерките кои се попуштени не беа комуницирани со доза на сериозност дека вирусот е сериосно опасен. Се обидовме да ја релативизираме опасноста“, тврди Ѓикиќ.

Ѓикиќ мисли дека овој вирус е исклучително опасен и дека со него не смее да се игра.

„Мораме да бидеме многу прецизни и здравствено темелни. Вирусот сега се појавува во поблаги облици, но и понатаму е опасен. Тоа не смее никој не залаже. Исто така мораме да тестираме повеќе луѓе, затоа што се појави во истата средина во којашто беше“, рекол тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега