Close Menu
Press24
    Најново

    Тешка сообраќајка во Штип: Двајца малолетници тешко повредени на кружен тек

    25.02.2026 во 13:55

    Се наоружал па тргнал во напад: Скопјанец со пиштол и тврди предмети тепал и кршел прозорци

    25.02.2026 во 13:39

    Сведоштво на гитаристот Тонев за трагедијата во „Пулс“: Капеа црни капки од запалениот сунгер

    25.02.2026 во 13:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тешка сообраќајка во Штип: Двајца малолетници тешко повредени на кружен тек
    • Се наоружал па тргнал во напад: Скопјанец со пиштол и тврди предмети тепал и кршел прозорци
    • Сведоштво на гитаристот Тонев за трагедијата во „Пулс“: Капеа црни капки од запалениот сунгер
    • Трагедија во Скопје: Избувна пожар во куќа во Ќерамидница, сопственичката пронајдена почината
    • Заев ги тужи Петрушевски и Жан Митрев за клевета: Бара вкупно еден милион денари отштета
    • Божиновска: Иднината на енергијата не ја создава машината, туку луѓето
    • ДУИ: Филков го изедначува албанскиот јазик со нула, Влен молчи
    • Тошковски од Кисела Вода: Безбедноста на децата во сообраќајот е наш врвен приоритет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ана Костадиновска сведочеше за пеколот во „Пулс“: Се чувствуваше силен мирис, што нè тераше на спиење

    Ана Костадиновска сведочеше за пеколот во „Пулс“: Се чувствуваше силен мирис, што нè тераше на спиење

    25.02.2026 во 12:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжи судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Во својство на сведок, предложен од Обвинителството, свој исказ даде Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК, која била на сцената во моментот кога избувнал пожарот на 16 март 2025 година.

    Костадиновска пред судот објасни дека прскалките се активирале за време на рефренот на песната „Што сака нека биде“, што било вообичаена пракса на нивните настапи. Таа нагласи дека во првите моменти никој не ја сфатил сериозноста на ситуацијата, сè додека не почувствувале силна топлина.

    Опишувајќи го моментот на евакуација и хаосот кој настанал, Костадиновска истакна:

    „Панчо повика да излеземе, но никој од нас не ја сфати сериозно ситуацијата. Се движевме бавно кон излезот. Забележав врата десно од мене и ги повикав да излеземе од таму, но беше заклучена. Потоа излеговме по подолгиот пат кога ситуацијата веќе ескалира.“

    Сведокот додаде дека во метежот паднала и дека ѝ помогнало момче од Виница да се извлече од стампедото.

    „Лично не видов повеќе никој од бендот. Паднав во стампедото, настана хаос. Се чувствуваше силен мирис, што нè тераше на спиење. Ми помогна едно момче, кое беше до мене и нè држеше будни. Ногата ми беше приклештена, имаше многу луѓе. Во еден момент се почувствува свеж воздух, што ни даде надеж.“

    Костадиновска, која сè уште ги чувствува здравствените последици од повредите и изгорениците, на прашање на одбраната и обвинителството рече дека не знае кој точно ги поставувал и активирал прскалките во клубот.

    Популарно

    Нека не ве лаже сонцето – Полицијата ќе ве казни 2800 денари ако го немате ова во возилото

    25.02.2026 во 08:13

    Германија со итно предупредување: Подгответе залихи со храна

    25.02.2026 во 11:11

    Ужас во регионот: Наместо вода бабата му сипала бензин, бебето течноста ја испило во градинка и се затруло

    25.02.2026 во 09:15

    Обвинителите се бунат: Не сакаме пониски плати, имаме најниски во регионот

    25.02.2026 во 10:41

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.