Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничниот премин Евзони (ГП Богородица), како и на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина и внимателно управување со возилата, особено на следните патни делници каде што постои можност за појава на одрони:

  • Катланово – Велес
  • Маврово – Дебар – Струга
  • Виница – Берово
  • Кочани – Делчево

АМСМ потсетува дека од 15.11.2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

  • Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Exit mobile version