Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) попладнево информира за ненадеен прекин на сообраќајот на регионалниот патен правец 1304, кој ги поврзува Виница и Берово.
Според официјалните информации, од 14:52 часот патот е целосно затворен во двата правци. Причината за блокадата е протест на група граѓани.


