Сообраќајот на државните патишта се одвива без пречки, по најчесто суви коловози. Според податоците на Авто-мото сојузот на Македонија, на граничните премини од македонска страна засега нема подолги чекања за влез и излез од земјава.

Надвор од урбаните средини сообраќајот е со умерен интензитет. Се препорачува зголемена внимателност при возење по патиштата низ котлините, долж речните долини и во клисурите, поради можност од појава на одрони.

Exit mobile version