Американските служби за разузнавање: Русите ни се мешаат во изборите
Шефовите на американското разузнавање предупредија дека „странските противници“, меѓу кои е Русија, спроведуваат операции што ги „загрозуваат“ изборите во САД предизвикувајќи поделби меѓу Американците.
Тие, како што наведоа, спроведуваат операции за „поткопување на довербата на јавноста во интегритетот на американските избори и предизвикување поделба меѓу Американците“.
Во заедничката изјава, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ODNI), ФБИ и Агенцијата за кибер-безбедност и инфраструктурна безбедност соопштија дека групите поврзани со Русија поттикнуваат насилство против изборните службеници и повторуваат лажни тврдења за измама со гласови.
Агенциите наведуваат дека „руските влијателни лица“ неодамна објавија напис во кој лажно тврделе дека функционерите во клучните држави планираат да ги наместат претседателските избори во вторник со полнење на гласачки кутии.
Од ОДНИ понатаму велат дека очекуваат овие напори да се интензивираат во наредните денови. Тие, исто така, го обвинуваат Иран дека претставува „значајна закана од странско влијание“ за САД.
Техеран и Москва негираа обиди за попречување на изборите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа