Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски на средба со големите маркети: Нема да дозволиме профитерство

    11.03.2026 во 20:23

    Николоски од Вашингтон: Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

    11.03.2026 во 20:03

    СДСМ: Мицкоски лаже – Марта Кос потврди сè што говори СДСМ

    11.03.2026 во 19:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на средба со големите маркети: Нема да дозволиме профитерство
    • Николоски од Вашингтон: Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка
    • СДСМ: Мицкоски лаже – Марта Кос потврди сè што говори СДСМ
    • Мерки за претпазливост за професорот од средно уметничко кој е пријавен за сексуално вознемирување
    • Средба на Хоџа со претставници на ЕБОР: Продлабочување на партнерството со ЕБОР за модерна инфраструктура и зелени инвестиции
    • Дали полски девојки биле жртви на меѓународниот ланец за проституција на Епстин?
    • Ѓорѓиевскии: Левица, пак удривте статива
    • Трамп: Нашите одлуки го тресат светот, ова не се само празни зборови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Американскиот генерал-мајор Грегори Најт ќе добие Орден за воени заслуги од Сиљановска-Давкова

    Американскиот генерал-мајор Грегори Најт ќе добие Орден за воени заслуги од Сиљановска-Давкова

    09.12.2025 во 11:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска на свечена церемонија ќе го одликува командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, со Орден за воени заслуги.

    Како што информираат од Кабинетот на претседателката, одликувањето се доделува за „неговиот особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка“. Оваа соработка резултираше со бројни активности за зајакнување на капацитетите и за зголемување на борбената готовност на Армијата.

    Генерал-мајор Најт е во официјална посета на државата која ќе трае до 11 декември.

    По пречекот со високи воени почести, генералот Најт ќе оствари средби со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, и министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

    Предвидени се средби и со претседателката Сиљановска-Давкова (во својство на врховен командант на Вооружените сили) и со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

    Во рамки на посетата, американскиот командант ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде ќе се сретне со раководството на Академијата.

    Популарно

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот – за неколку дена почнува летното сметање на времето

    11.03.2026 во 12:07

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.