Животот на мајка на две деца со различни предизвици – ќерка со физичка попреченост и син со аутизам – е приказна која доаѓа од Скопје и ќе биде претставена во новата епизода на „Мамавизија“

Амела Мемиш Апостоловска во разговорот открива дека првата ѝ бременост, на само 18 години, завршила со губење на бебето. Потоа, во втората бременост, се родила нејзината ќерка Андреа, која се соочила со деформитет на стапалото – состојба позната како „clubfoot“, генетски предизвик кој, според Мемиш Апостоловска, се пренел од роднини.

– „Поради страв и болка долго време не ѝ дадовме име. Потоа се соочивме и со сериозни здравствени компликации кога таа имаше само три години – пукнаа белите дробови по вакцинацијата и беше во кома 14 дена. Тоа беше огромна болка, се плашев да не изгубам и второ дете“, раскажува таа со солзи во очите.

Амела открива и како го добила синот Леон, кој е дијагностициран со аутизам:

– „Кога го гледавме во парк со другарки, забележав дека Леон не реагира на звуци, за разлика од другите бебиња. Домашните не ми веруваа, но јас си верував на интуицијата. Го однесовме на лекар и дијагнозата беше аутизам. Докторот советуваше веднаш да почнеме со терапија.“

До четвртата година Леон имаше значителни потешкотии во развојот – не зборуваше, не знаеше да се ориентира во простор и се трудеше да ги совлада секојдневните активности. Според Мемиш Апостоловска, пресвртниот момент дошол по посета на манастирот „Свети Василиј Острошки“, каде што се изодело боси и му била прочитана молитва – истиот ден Леон прозборел.

Мемиш Апостоловска споделува и моменти од бременоста со синот, кога се соочила со стравови и непријатни искуства, со оглед на тешкото породување на ќерката.

Новата епизода на „Мамавизија“ ќе се емитува премиерно вечерва во 20:00 часот на YouTube-каналот на Слободен Печат, со Александра Вуксановиќ како автор и водител

Exit mobile version