Амбер Херд размислува да напише автобиографија

 

Амбер Херд, поранешанта сопруга на Џони Деп, размислува за можноста да објави свои мемоари.

Актерката од Danish Girl („Девојката од Данска“) наводно е подготвена „да ја сподели својата вистина“ со експлозивни сеопфатни мемоари, во кои ќе ги изнесе деталите за својот турбулентен двегодишен брак со Џони Деп и нивната жестока судска битка. Тој ја тужеше за клевета поради авторски текст во „Вашингтон пост“ од 2018 година, во кој таа тврди дека е жртва на семејна злоупотреба.

Извори за „Радар онлајн.ком“ рекоа дека 37-годишната актерка, која сега живее во Мадрид, Шпанија, со својата двегодишна ќерка, ќе бара околу 15 милиони долари за својата приказна и дека е подготвена да проговори откога стана цел на интернет-тролови во текот на минатогодишното судење.

„Амбер нема да биде замолчена. Таа чувствува дека била третирана многу лошо за време на судењето“, рече инсајдерот. „Таа се чувствува како да е жртва овде“.

Во меѓувреме, Камил Васкез, една од адвокатите на Џони на судењето, неодамна призна дека размислува за пишување книга, делумно за правната битка, но нагласи дека во моментот тоа е само идеја.

Таа изјави за „Пипл“: „Размислувавме за тоа. Бен (од адвокатскиот тим на Деп) и јас се пошегувавме дека треба да напишеме книга заедно, можеби за судењето. Чувствувам дека мојата приказна е можеби половина напишана. Се чувствувам како да има уште многу да се направи“.

„Иако судењето беше значаен дел од мојата кариера… вистинската приказна за тоа која сум јас и мојот пат, има толку многу за да се напише и да се направи.

„Имам наслов на ум. Можеби еден ден“.

Камил и остатокот од адвокатскиот тим на Џони често се во контакт со 59-годишниот актер уште од судењето и планираат да присуствуваат на еден од концертите на неговиот бенд „Холивуд вампајрс“ подоцна ова лето.

05.06.2023 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа