Алтернатива: Нема да паднеме во замката што ни се подметнува, одлука ќе донесеме во недела

Конечно се огласија и од политичката партија Алтернатика, преку писмено соопштение до медиумите, но без конкретен одговор за тоа дали си заминуваат од Владата или остануваат. Тие во соопштението до медиумите велат, дека немало да паднат во замката што им се спремала, а конечниот став ќе го споделеле во недела, за кој велат дека ќе го изградат на седница на Централното Собрание. 

Закажан е состанок на партијата во партиското седиште во Тетово со почеток од 16 часот.

„Најтесното партиско раководство на АлтернАтивА е во перманентно заседание. Со внимание ги разгледуваме сите околности кои ги нарушуваат принципите врз кои требаше да почива Европската коалиција. Особено начинот на кој некој го потценува нашиот учинок пред 12 месеци за спас на владејачкото мнозинство, изборот на Димитар Ковачевски за Премиер и следствено обезбедувањето на почеток на преговори со ЕУ.

Согласно статутарните одредби денес одлучивме конечниот став да го изградиме на седница на Централното Собрание која ќе се одржи во недела со почеток во 16 часот, во партиското седиште во Тетово, водејќи се од тоа што е најдобро за иднината на државата и за иднината на АлтернАтивА“, велат од партијата во писменото соопштение до медиумите.

„Расудуваме трезвено, без емоции целосно свесни за предизвиците кои не очекуваат. Уште еднаш потенцираме дека нема да влетаме во замката што ни се подметнува. Нема да оставиме ниту минимум простор дека АлтернАтивА на било каков начин самата придонесе за процесите кои неминовно следат“, додаваат оттаму.

Инаку уште вчера, на седници на УО на СДСМ и на Алијанса за Албанците беа донесени одлуки за тоа дека АА прифаќа да влезе во влада, а со тоа да добие три министерски фотелји, но и неколку места за заменици-министри во различни сектори. Портпаролката пак на СДСМ, Богданка Кузеска изјави дека и СДСМ ја прифаќа одлуката АА да влезе во Влада, најавувајќи реконструкција на Владата. 

10.02.2023 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега