Алкохол после вакцинација - Што велат експертите?
Нема докази дека консумирањето алкохолни пијалаци влијае на ефективноста на вакцината против коронавирусот, соопшти британската Агенција за лекови и здравствени производи.
Оваа објава доаѓа откако на социјалните мрежи се ширеа гласини дека две недели по вакцинирањето не треба да се пие алкохол.
-Ние ја советуваме секоја личност која е загрижена за консумирање алкохолни пијалоци да се обрати до медицинско лице, се вели во краткиот допис од британскиот регулатор..
Во јануари годинава, организацијата Дринкавејр (Drinkaware), основана од компании што произведуваат алкохолни пијалоци, соопшти дека има некои докази дека пиењето алкохолни пијалоци, особено ако е прекумерно, може да влијае на способноста на организмот да создаде имунитет по инјектирање на вакцината, пренесува Јутарњи лист.
Сепак, ниту британскиот национален здравствен систем ниту производителите на вакцини не објавија каква било информација што би сугерирала дека постои врска помеѓу ефективноста на вакцините и потрошувачката на алкохол.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа