Close Menu
    Најново

    Сите училишта имаат добиено упатство за постапување по дојави за бомби

    16.12.2025 во 17:57

    Зеленски предлага божиќно примирје! Русија: Тоа не е можно

    16.12.2025 во 17:39

    Голф се судри со мопед: Малолетник итно пренесен во болница

    16.12.2025 во 17:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Сите училишта имаат добиено упатство за постапување по дојави за бомби
    • Зеленски предлага божиќно примирје! Русија: Тоа не е можно
    • Голф се судри со мопед: Малолетник итно пренесен во болница
    • ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ
    • Божиновска во Прага: Македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
    • Собрание: Изгласана потребата од носење на новиот Закон за Судски совет
    • Уапсен детски психијатар во Хрватска: Злоставувал малолетни деца и им давал дрога
    • Џафери: Да ви ја честитам новата 1949
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Алиу: Процесот на вработувања во здравството е при крај, не е неисполнето ветување

    Алиу: Процесот на вработувања во здравството е при крај, не е неисполнето ветување

    18.09.2025 во 09:26
    ФОТО: Министерство за здравство
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за здравство Азир Алиу вели дека процесот на вработување на 150 здравствени работници во Клиничката болница во Тетово е при крај и не станува збор за неисполнето ветување, туку за процес што е започнат и е при крај.

    „Ние не ветивме, туку реализиравме. Процесот не е целосно завршен, но, сите чекори за вработување на овие лица се завршени, освен потпишувањето на договорот и завршната средба со директорот. Ова е процес што веќе е во тек и не може да се поништи. Ниту министерот, ниту директорот не можат да одлучат да го откажат по локалните избори – едноставно тоа не е можно“, рече Алиу во интервју за Алсат-М.

    Сите кандидати биле тестирани и конечната листа била составена. Сега останувало само последната административна фаза, што вклучувала кратка средба со директорот и потоа потпишување на договорот.

    Министерот исто така најави дека покрај овие работни места што се во процес, ќе има и нови вработувања, поради големиот недостиг на кадар во здравствениот сектор во државава.

    „Здравствениот сектор е еко-систем што се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри, технички кадар и лекари. Ние не можеме да го планираме буџетот врз основа на минатото, туку според реалните потреби. Во моментов го изработивме првиот нацрт-скен на состојбата и имаме две сценарија: институции со сериозен недостиг и институции со повеќе кадар отколку што е потребно“, појасни министерот.

    Министерството подготвувало внатрешна реорганизација за балансирање на медицинскиот кадар во согласност со потребите, како и за зголемување на транспарентноста и ефикасноста на услугите.

    „Ќе има реорганизација на услугите и кадарот. Ќе биде потребно време, но, целта е здравството да стане поквалитетно и потранспарентно. Со дигитализацијата како трета столбна точка на реформата, граѓаните ќе имаат пристап до информации во реално време за секоја услуга и процес – вклучително и случаите кога има доцнења или пречки“, додаде Алиу.

    Featured
    Популарно

    Зеленски: Ако Путин одбие САД ќе ни обезбедат пари и оружје

    16.12.2025 во 11:13

    Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува

    16.12.2025 во 10:41

    Европските лидери се договорија: Мултинационални сили како дел од безбедносните гаранции за Украина

    16.12.2025 во 10:35

    Паднаа командир и четворица полицајци – Се сомничат за попречување на правдата

    16.12.2025 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.