Close Menu
Press24
    Најново

    Алиу пресече: Никој не е оставен без терапија на Онкологија, информациите за недостиг се само обична шпекулација

    01.04.2026 во 14:15

    Филипче: Обвинителот работи под диктат на Мицкоски

    01.04.2026 во 14:12

    Филипче: Мицкоски го потврди предавството – сака да ја држи Македонија во изолација со децении

    01.04.2026 во 14:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Алиу пресече: Никој не е оставен без терапија на Онкологија, информациите за недостиг се само обична шпекулација
    • Филипче: Обвинителот работи под диктат на Мицкоски
    • Филипче: Мицкоски го потврди предавството – сака да ја држи Македонија во изолација со децении
    • Сали на средба со верските лидери на Македонија и Турција
    • Децата го заслужуваат најдоброто – Град Скопје ги награди најкреативните
    • Алиу: Имаме проблем со работното време на лекарите, но решението е во законот, а не во сензации
    • Алиу: Македонија доби нова листа на есенцијални лекови – влегуваат контрацептиви и терапија за одвикнување од пушење
    • Манасиевски им го честиташе „празникот“ на Филипче и Заев – СДС никогаш не излажале
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу пресече: Никој не е оставен без терапија на Онкологија, информациите за недостиг се само обична шпекулација

    Алиу пресече: Никој не е оставен без терапија на Онкологија, информациите за недостиг се само обична шпекулација

    01.04.2026 во 14:153 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ниту еден пациент на Клиниката за онкологија не е без терапија. Пациентите се третираат со заменска терапија позади чија комбинација стојат доктори, експерти во областа, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, отфрлајќи ги информациите за недостиг и на терапија за пациентите со ретки болести. 

    Во одговор на новинарски прашања на прес-конференција во Министерството за здравство посочи дека во разговор во претставници на Клиниката за онкологија информациите дека нема терапија за пациентите се поврзува со пристапот кон пациентите и со терапиите и со законот.

    – На почетокот јас реков дека мора да се смени нешто во Законот, за да може и предвремено пред тие три месеци да се отвори постапка со цел, ако нешто се случува административно или ако не се појави никој, да имаме време уште три месеци, граѓаните да не останат без терапија. Во нашиот разговор со Клиниката, ни рекоа дека ниеден пациент не е без терапија, бидејќи има заменска терапија со која што се третират и која што тие како доктори, како експерти од областа, стојат позади таа комбинација на терапија. Ценам дека за кратко време ќе биде постапката и почната и завршена, изјави Алиу.

    Тој ги отфрли, како што рече, шпекулациите за недостиг од терапија за пациентите со ретки болести, посочувајќи оти се работело за еден лек кој каснел заради компанијата што го увезува.

    – Велам не е точно и се шпекулација. За жал понекогаш потикнати од приватниот сектор, и мора да бидеме транспарентни и да ги наведеме и овие работи. Може да има ден-два во моментот додека увозниците ги увезуваат, но никако нема недостаток на лекови. Јас се заинтересирав и добив информација од институциите. Ми рекоа дека се работи само за еден лек кој што касни, не заради нас како институција, туку заради компанијата која што го увезува, појасни Алиу.

    Тој посочи дека Министерството креира пристап за отварање тригодишна постапка за набавката на лекови, бидејќи терапијата кај пациентите со ретки болести зависи од повеќе индикатори меѓу кои возраста и тежината.

    – Уште еднаш напоменувам дека за прв пат како држава, освен што нема недостаток на лекови за пациенти со ретки болести, за прв пат креираме пристап или отвараме постапка тригодишна. Заради тоа што овие пациенти со ретки болести и нивната терапија зависи од неколку индикатори. Тие пациенти ги третираме од мали нозе, од моментот кога се дијагностицира дека е пациент со ретка болест, рече Алиу.

    При растот на пациентот, појасни, треба да расте и дозата, што, според него, не е предвидливо и не може да се предвиди количината на потребни лекови кои што треба да ги има. 

    Популарно

    Алиу пресече: Никој не е оставен без терапија на Онкологија, информациите за недостиг се само обична шпекулација

    01.04.2026 во 14:15

    Филипче: Обвинителот работи под диктат на Мицкоски

    01.04.2026 во 14:12

    Филипче: Мицкоски го потврди предавството – сака да ја држи Македонија во изолација со децении

    01.04.2026 во 14:02

    Сали на средба со верските лидери на Македонија и Турција

    01.04.2026 во 14:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.