Close Menu
    Најново

    Алиу: Не ги затвораме бизнисите – само регулираме каде ќе се пуши

    12.01.2026 во 14:23

    ФОТО: Трамп се прогласи за претседател на Венецуела

    12.01.2026 во 14:18

    Претседателката пред народните избраници: Предложените членки на Судски ги бирав по стручноста

    12.01.2026 во 14:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Алиу: Не ги затвораме бизнисите – само регулираме каде ќе се пуши
    • ФОТО: Трамп се прогласи за претседател на Венецуела
    • Претседателката пред народните избраници: Предложените членки на Судски ги бирав по стручноста
    • Падна одлука: По 6.000 денари за секое новороденче во оваа општина
    • Муцунски го осуди инцидентот во Бугарската амбасада во Скопје: Институциите одговорија брзо и ефикасно
    • Левицата бара укинување на РКЕ
    • Сали оствари средба со Рокас: Владата е посветена кон европската интеграција
    • Општина Карпош: Ја следиме состојбата со зголемениот број на кучиња – бараме решение
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Алиу: Не ги затвораме бизнисите – само регулираме каде ќе се пуши

    Алиу: Не ги затвораме бизнисите – само регулираме каде ќе се пуши

    12.01.2026 во 14:23
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека новиот Закон за заштита од пушењето нема да доведе до затворање на бизнисите, нагласувајќи дека со него не се забранува пушењето целосно, туку се регулира каде тоа е дозволено, со цел заштита на јавното здравје.
    Одговарајќи на новинарско прашање, Алиу истакна дека угостителските објекти ќе имаат можност да се прилагодат на законските решенија преку уредување на соодветни отворени простори.

    – Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари. Тие луѓе кои пушат може да пушат во одредени простории, како што се тераси отворени од три страни. Значи кафичите и локалите можат да креираат таков тип инфраструктура, ако им е битно за бизнисот, рече Алиу.

    Министерот посочи дека од економски аспект не се очекуваат загуби, потсетувајќи дека државата и понатаму обезбедува субвенции за тутунот и има значаен извоз во оваа област.

    – Вториот момент е што даваме субвенции за тутунот, имаме извоз на тутунот. Од економска гледна точка не гледаме дека ќе има некаков тип загуби. Здравството и здравствените политики се поврзуваат со здравјето, а здравјето никогаш нема цена, нагласи министерот.

    Тој додаде дека нездравото население создава далеку поголеми економски последици отколку рестриктивните мерки против пушење во затворени простории.

    – Од другата страна со нездраво население вие дефинитивно одмагате на бизнисот многу повеќе отколку со вакви политики против пушење на цигари во затворени простории. Направена е и таква анализа. Луѓе кои се зависници од таков тип на производи се помалку активни во секојдневната работа во државните и во приватните институции, истакна Алиу.

    Министерот информираше и дека пушењето нема да биде дозволено пред јавни институции на целата територија на државата.

    – Пред институции, не само во Клиничкиот центар, туку секаде низ целата држава, пред јавни здравствени установи, но и други јавни институции, училишта, градинки, министерства, нема да биде дозволено да се пуши, рече Алиу.

    Изјавите Алиу ги даде по прес-конференцијата посветена на обезбедувањето вакцини против Хепатитис Б.

    Популарно

    Македонија мрзне: Утрово измерени -16 степени

    12.01.2026 во 09:37

    Ова се победниците на вчерашните повторени избори во четири општини

    12.01.2026 во 09:05

    Ригорозниот закон за пушење објавен на ЕНЕР – јавноста може да критикува и да пофали

    12.01.2026 во 09:01

    Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат јајцата

    12.01.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.