Close Menu
Press24
    Најново

    Роберт Голоб прогласи победа во Словенија

    22.03.2026 во 23:41

    Малолетници со чашка во рака – Полицијата упадна во 12 угостителски објекти во Аеродром, 3 ќе се соочат со кривични

    22.03.2026 во 22:50

    Муцунски во дводневна посета на Брисел – Клучни средби со Марта Кос и европските челници за иднината на македонските евроинтеграции

    22.03.2026 во 22:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Роберт Голоб прогласи победа во Словенија
    • Малолетници со чашка во рака – Полицијата упадна во 12 угостителски објекти во Аеродром, 3 ќе се соочат со кривични
    • Муцунски во дводневна посета на Брисел – Клучни средби со Марта Кос и европските челници за иднината на македонските евроинтеграции
    • Среќни вести: Костадинов ќе стане татко, познат полот на бебето и името
    • Хаос на границите од утре: Транспортерите од регионот повторно ќе блокираат гранични премини
    • Разбојништво во Скопје: Вооружено лице за еден час нападна продавница, обложувалница и казино
    • Хаос на патиштата – Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување, дури осуммина немале ниту возачка дозвола
    • Ја фрлил сопругата по скали – Семејното насилство во Македонија не стивнува
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Клинички со најмодерен паркинг во Македонија, треба да биде завршен за три месеци

    Алиу: Клинички со најмодерен паркинг во Македонија, треба да биде завршен за три месеци

    02.10.2025 во 20:453 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија. Освен цела инфраструктура базирана на „смарт паркинг“, ќе располага и со монтажна катна гаража, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу.

    Во гостување на „Само интервју“, Алиу информира и дека со спојувањето на клиниките во рамки на Клиничкиот центар ќе се оди чекор по чекор. Најпрво, по изборите, ќе се спојат Кардиологија и Кардиохиругија, а потоа и останатите меѓусебно сродни и природно поврзани клиники.

    Според него, малку операции има на Кардиохирургија поради гапот на барања и недостиг на кадар. Затоа, рече, прв пат е потпишан Меморандум за соработка со приватните болници.

    Министерот најави и промена на позитивната листа два пати годишно со цел нејзино ревидирање, отстранување на дел од застарените лекови и додавање нови.

    -Административниот процес за паркингот заврши и најверојатно за кратко ќе почне да се работи. Министерството за здравство ќе потроши нула денари, зашто ќе се инвестира од ЈП Паркинзи – Скопје. Ценам, а и така ни е дефинирано, за три месеци да биде завршен паркингот, напомена Алиу.

    Тој се осврна и на Мој термин. Нагласи дека е оптимизиран со што се намалени листите на чекање.

    -Сега веќе знаеме во реално време кои доктори колку време се во амбуланта, а колку се на операција. Инаку, нема термини, да, се согласувам, но тоа е поради човечкиот фактор – мора да има доктори за да има повеќе термини, подвлече министерот.

    Негова оценка е дека дигитализацијата ќе ги реши клучните проблеми. Алиу најави и 10-годишна стратегија за здравството во соработка со Министерството за обраозвание. Така, рече, ќе се знае колку места ќе се отворат во кој град за кои профили во средното стручно образование, ќе се знае бројот на слободни места на факултет за лекари, па оттука и за пет години ќе се знае колку доктори ќе има во државата или за четири години колку медицински сестри.

    -Кога се зборува за дигитализација на медицината во светот, ние се уште се занимаваме со базични проблеми. Дигитализацијата е една од клучните активности и веќе креирав посебен сектор што се занимава со тоа. Исто така, правиме напори да има резултати од скринингот за максимум една недела, а не по шест месеци како досега. Во преговори сме со Италија, Словенија, Австрија за обуки на наши лекари и медицински сестри, како и за соработка, истакна Алиу.

    Во здравството, укажа, мора за минимум 10 години да се креира стратегија.

    -Откако дојдов на функцијата прво ги дефиниравме проблемите. Веќе се јасни – тоа се инфраструктурата, недостигот на кадар,… Кога веќе знаеме со што се соочуваме, природно е да креираме политки за решавање на проблемите и веќе имаме резултати. Првите резултати се тоа што веќе се менуваат 12 закони, во понеделник ќе има дебата за нив. Вториот момент е моделот на финансирање. Ние решаваме и дневни проблеми со што се губи фокусот на долгорочните политики, рече министерот.

    Според него, изненадува тоа што дел од лекарите кои работат надвор, сакат да се вратат во земјава.

    -Повеќето не одат поради платата, туку поради инфраструктурата. Надвор работат со многу подобри, нови апарати од 2024 година, на пример, отколку тука со апарати од 1984 или 1985 година. Се изненадив, дали знаете дека од 1974 година имаме алатки со кои работат нашите доктори. Па колку и да си стручен, околината не ти дава да бидеш во тек. Ова е првиот момент, а вториот е кариерниот развој што кај нас е дефиниран само на хартија. Но, овие две работи ќе ги отстраниме, порача Алиу.

    Популарно

    Роберт Голоб прогласи победа во Словенија

    22.03.2026 во 23:41

    Малолетници со чашка во рака – Полицијата упадна во 12 угостителски објекти во Аеродром, 3 ќе се соочат со кривични

    22.03.2026 во 22:50

    Муцунски во дводневна посета на Брисел – Клучни средби со Марта Кос и европските челници за иднината на македонските евроинтеграции

    22.03.2026 во 22:42

    Среќни вести: Костадинов ќе стане татко, познат полот на бебето и името

    22.03.2026 во 22:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.