Close Menu
Press24
    Најново

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

    Алиу: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

    27.06.2026 во 13:293 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу, на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството која се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики што се спроведуваат за унапредување на оваа област во државата.

    Алиу истакна дека оваа тема бара човечност, доверба и морална зрелост, нагласувајќи дека за органодарителството треба да се разговара јавно и без предрасуди во кругот на семејството, училиштата и меѓу лекарите.

    Во своето обраќање, министерот Алиу истакна:

    „Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден град. Постојат теми кои не бараат само политика,туку и човечност, доверба и морална зрелост на општеството. Органодарителството е токму таква тема, која го отвора едно од најдлабоките прашања што нашето општество може да си го постави: дали во најтешкиот момент можеме да создадеме надеж за некој друг? Нашата задача е да градиме доверба и да создадеме систем во кој семејството однапред ќе ја знае волјата на својот близок. Органодарителството не смее да биде тема за која првпат разговараме во болнички ходник, во мигови исполнети со трагедија. Треба да зборуваме дома, во семејствата, во училиштата, на факултетите, меѓу лекарите и пациентите – јавно и без предрасуди“.

    Министерството за здравство веќе спроведува национална кампања, а во Собранието по скратена постапка се доставени измените на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување.

    Со овие законски измени се предвидува секој полнолетен граѓанин да може кај матичниот лекар да се изјасни дали сака да биде дарител, а се проширува и кругот на живи дарители до чевртиот степен на сродство.

    За начинот на регистрација и личниот пример, министерот Алиу порача:

    „Век е постапката за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, кој веќе е доставен во Собранието по скратена постапка. Со тоа државата покажува дека органодарителството не го третира само како морално прашање, туку и како јавен приоритет. Собранието испрати силна порака на единство и консензус за зајакнување на органодарителството со тоа што од страна на пратениците од власта и опозицијата беше изгласана потребата од носење на законот по скратена постапка. Кога станува збор за животот, нема власт и опозиција, нема политичка разлика што може за биде поважна од должноста да покажеме дека државата знае да биде на страната на човечноста, достоинството и надежта. Предложените измени претставуваат важен чекор кон систем во кој личната волја на граѓаните ќе биде појасно изразена, поцврсто заштитена и подоследно почитувана. Изјаснувањето ќе се врши преку нов дигитален модул во „Мој термин“, безбедно и со двојна верификација. Секој граѓанин ќе може во секое време да ја промени или да ја повлече својата одлука. Ова е важно од два аспекта. Прво, ќе ја почитуваме личната слобода и волја на секој човек. Второ, конечно како држава ќе знаеме колку граѓани сакаат да бидат органодарители. Ќе знаеме каде има поголема информираност, а каде постојат страв, недоверба или недоволно знаење за органодарителството. Кога системот ќе започне со примена, јас ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител“

    Претходно, за време на гостувањето во медиумите, министерот го потврди овој став, по што и модераторот на емисијата најави дека заеднички ќе ја поминат процедурата за регистрација.

    Прочитај повеќе

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.