Close Menu
    Најново

    5 работи кои ги прават нарцисоидните мажи за време на празниците

    19.12.2025 во 21:31

    Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

    19.12.2025 во 21:18

    Зошто трчањето во зима е корисно

    19.12.2025 во 21:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • 5 работи кои ги прават нарцисоидните мажи за време на празниците
    • Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти
    • Зошто трчањето во зима е корисно
    • Ако на Свети Никола е сончево – еве каква ќе биде зимата
    • Тешко се уморува: Цели 4 ипол часа Путин одговараше на новинарски прашања
    • Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети
    • Бремените и хронично болните се ослободуваат од работа
    • „Тажен кактус“: Норвешка ја брани елката-подарок во Лондон
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

    Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

    19.12.2025 во 12:44
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На денешната прес конференција на министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова, деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ, како и претставниците на медицинските факултети во Тетово и Штип, беа презентирани новите програми за специјализации, со кои темелно се менува пристапот во креирање на медицинскиот кадар.

    • Политиките, мерките и предлозите кои ги иницираме како Министерство за здравство секогаш внимателно ги дискутираме со стручната фела, и со инклузивен и партнерски пристап заеднички воспоставуваме нови политики и практики за потребите на нашето население и здравствениот систем. На денешната прес конференција најавуваме една од најсуштинските промени во здравствениот систем.  Дефинирани се новите програми за специјализација, со кои темелно се менува начинот на кој го создаваме медицинскиот кадар што треба да биде носител на системот во следните години. Повеќе од петнаесет години програмите во високото медицинско образование не беа суштински обновени, а за тие петнаесет години, реалноста драстично се смени,  имаме демографски промени,  промени во зачестеноста на болестите, очекувањата на пациентите, но и во самата медицина. Јас доаѓам од ИТ секторот, каде ако 15 години не го менувате моделот, вие повеќе не подготвувате кадар за иднината. Истото важи и за здравството, ако не ги модернизираме програмите, ќе ја пропуштиме шансата новите методи и технологии  да станат дел од секојдневната клиничка пракса, информираше министерот Алиу.

    Тој посочи дека целта е да добиеме прво лекар со општа специјализација, кој може да одговори на реалните потреби на граѓаните надвор од клиничките болници, во општите и регионалните болници, во секундарното здравство, таму каде што се најголеми реалните здравствени потреби на граѓаните. На тој начин, здравствениот систем ќе добие рамномерно дисперзиран медицински кадар, а кој ќе може да понуди специјалистички третман на хронични болести, итни состојби,  да обезбеди континуитет на терапија, навремена дијагностика и правилно упатување кон терциерното здравство.

    • Суштината на новите програми е едноставна, но воедно и храбра, односно се напушта логиката на премногу тесно профилирани специјализации како почетна точка, и се гради силна, општа клиничка основа, врз која потоа рационално ќе се надградува преку супспецијализации. Тоа значи прво стабилен интернист и стабилен општ хирург, а потоа  таму каде што има потреба процесот на образование ќе продолжи со  кардиологија, гастроентерохепатологија, ендокринологија и други области како супспецијалистичка надградба. Програмите ќе бидат унифицирани за сите три медицински факултети во земјава. Тоа значи еден стандард, еднакви критериуми, ист квалитет на програмите, заклучи министерот.

    Деканот на Медицинскиот факултет, проф. д-р Светозар Антовиќ појасни дека порано имаше специјализации каде мора да бидете општ специјалист или општ интернист, и овие специјализации траеја четири години, со што беа задоволени сите потреби на болниците во секундарното јавно здравство, додека на клиниките и некои од поголемите болници, како ГОБ „8 Септември“ имаа потреба од дополнително високо специјализиран кадар и беа упатувани на супспецијализации кои траеја две години.

    • Ова е воочено изминатиот период, но сега во контакт со сите шефови на катедри, професори од медицинските факултети, конечно се нафаќаме тоа да го ревидираме, затоа што треба да се вратат тие општи специјализации особено на хирургија и интерна медицина, кои ќе го понудат она што на нашата држава и е потребно, информираше проф. Антовиќ.

    Претстедателката на Лекарската комора посочи дека комората беше иницијатор на овој процес имајќи предвид дека во секојдневните средби со колегите е констатирано дека овие 15 години покажаа дека моделот на специјализации не е доволно добар.

    • Ние имаме потреба да им овозможиме на докторите што учеле да може да прегледуваат пациенти, и доколку има потреба понатаму да ги упатат во соодветна установа на повисоко ниво. Сегашните специјализации се предолги ако ги споредиме со супспецијализациите и токму затоа заеднички го дефиниравме овој нов модел, истакна д-р Гривчева Старделова.

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања во оваа општина

    19.12.2025 во 09:08

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Мега полициска акција: Паднаа 33 лица и две правни лица – местеле тендери во „ЕСМ Дистрибуција“

    19.12.2025 во 12:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.