Алиоски: Требаше од прва минута да тргнеме како што почнавме во второто полувреме

Македонскиот репрезентативен лев бек Езџјан Алиоски кој денеска го постигна единствениот гол во поразот од Украина со 1-2 во второто коло на Европското првенство, посочи дека жали што цел меч не го одиграле како второто полувреме.

„Одигравме две различни полувремиња, во првото им дадовме многу простор, не затворавме добро, им дадовме многу шанси да ни направат, слабо одигравме пресинг, не бевме агресивни. Можеби требаше повеќе да нападнеме, но се најдовме во два гола негатива и после такво нешто тешко е да го свртиме мечот. Но во вториот дел игравме како што требаше да играме цел меч. Но, лесно е сега, таков е фудбалот, но сѐ е во глава и во второто полувреме сакавме да го смениме пристапоит, станавме агресивни, трчавме, направивме шанси, но за жал дадовме само еден гол. Заслуживме еден бод, но не знам што ни се случи што вака не игравме од почеток. Знам имаме квалитет,но тој квалитет требаше да го покажеме од почеток, од прва минута да играме вака“, вели Алиоски.

17.06.2021 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега