Aлијансата за Албанците за „Ласкарци“ и „Беса транс“: Да се стави крај на исмејувањето со жртвите и нивните семејства

Денес, целaта јавност беше сведок на една многу скандалозна постапка на судот. Денес, уште еднаш настрадаа семејствата на загинатите во трагедијата кај Ласкарци со откажувањето на седницата со најбаналното оправдување дека не е извршено супервештачењето, реагираат од Алијансата за Албанците.

„Алијансата за Албанците оценува дека ова супервештачење е измислено токму за оваа цел – да се одложат рочиштата и да се заштитат одговорните за трагедијата и сите неправилности поврзани со овој случај. Покрај тоа, вчера се наврши една година од трагедијата со автобусот на ‘Беса транс’ во Бугарија. Ниту овој ниту случајот кај Ласкарци не добива епилог и сето тоа благодарение на судството контролирано не само од политиката туку и од групи што имаат интерес“, потенцира Аднан Незири, пратеник од оваа партија.

Алијансата за Албанците апелира до органите на правдата да стават крај на исмејувањето со жртвите и нивните семејства.

„Овие скандалозни случаи ги прават неопходни ветингот (проверката) и радикалните реформи во судството, Обвинителството и другите органи на државниот систем“, се истакнува во нивното соопштение.

24.11.2022 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега