Алијанса за Албанците: Скандалот „Жан Митрев“ да не се замолчи како другите трагедии
Јавноста во Северна Македонија деновиве е преоптоварено, но сторијата на ИРЛ за злоупотребите и профитерите од пандемијата го шокираше и го изненади секој граѓанин. Додека најголемиот број на здравствените работници го дадоа својот максимум при третманот на пациентите со КОВИД, ризикувајќи го своето и здравјето на членовите на нивните семејства, моќниците и недопирливите профитираа на сметка на нив и на населението која се наоѓа на работ на екстремната сиромаштија и според авторите на документарецот, злоупотребувале болни за експерименти кои не поминале низ филтрите на институциите и не обезбедиле соодветни дозволи, се вели во соопштението на Алијансата на Албанците.
Алијанса за Албанците ги поздравува истражувачките новинари на ИРЛ и им честита за нивната храброст и професионалност, што дава надеж дека оваа гранка на новинарството во Северна Македонија е жива и ќе поттикне процесирање на многу слични случаи и во други области.
Алијансата на Албанците порача дека очекува дека владата и надлежните институции жестоко ќе реагираат и ќе ги расчистат сомнежите на многу членови на семејствата за тоа што навистина се случило во приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје, на жалост се случи она што го видовме и слушнавме од биномот СДСМ-ДУИ и нивните сателити, молк и без партиска реакција, како и формирање на комисии и работни групи, што ни дава за право да констатираме дека и овој скандал ќе ја доживее судбината на скандалот со модуларната болница во Тетово, скандалот со вакцините, скандалот околу автобуските трагедии во Бугарија и Ласкарце и многу, многу други. Разочарувачки беа анемичните и конфузните ставови на министерот за здравство на последниот прес, од кој беа изненадени и шокирани здравствените работници, преживеаните пациенти и нивните семејства со обидот да се релативизира одговорноста на обвинетите.
Алијансата на Албанците исто така постави неколку прашања.
„– Јавното обвинителство: до кога ќе чекаме за процесирање и расветлување на овој скандал?
– Владите Заев 1 и 2: врз основа на кои параметри дадовте дозвола Северна Македонија да се најде во групата на 10 земји каде Ковидот може да се лекува и во приватните болници знаејќи ја финансиската моќ на населението?
– Да се произнесат и одговорат екс министерот Филипче и неговиот заменик Хасани, во име на СДСМ и ДУИ, кој дал дозвола за примена на хемофилтрација како метод за лекување на Ковид и зошто не се применувала истата во државните болници и кој ја формирал астрономската цена на овој метод.
Алијансата за Албанците предлага:
– Во Собранието на Северна Македонија да се изготви и да се изгласа закон за профитерство од разни катастрофи,
– Ако веќе се формираат комисии, тогаш во нив треба да учествуваат специјалисти од областите и што поскоро да се изготват извештаји за третманот со оваа метода.
– Сите инволвирани да излезат пред јавноста и да одговорат на сите прашања и дилеми пред оние кои ги гласале и финансирале, граѓаните и истите да се приведат за да не избегаат и за да не влијаат на сведоците,
– Министерството за здравство треба да обезбеди средства и истите да им се вратат на членовите на семејствата кои се погодени во овој невиден скандал и
– Јавното обвинителство да постапува врз основа на факти и обвинувања и да не се дозволи овој скандал да ја доживее судбината на другите скандали затоа што со „нечиста крв“ никогаш нема да ја постигнеме нашата интеграција во нормалниот свет“, соопштија од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа