Алијанса на Албанците: Лага е дека Таравари бил на гости кај Ахмети

 

Политичката партија Алијанса на Албанците реагираше по објавата на „Алсат“ дека премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на партијата, Арбен Таравари, по средбата во Владата, биле на гости кај Али Ахмети.

Од партијата демантираат дека Таравари заедно со Ковачевски заминал кај ДУИ.

„По средбата со премиерот Ковачевски, Таравари замина во Полог на средби во Гостивар, Тетово и Теарце до доцна во ноќта и не можел истовремено да биде во Зајас. Во овие проблематични времиња за државата, ги повикуваме сите медиуми во земјава максимално одговорно да постапуваат по принципите на новинарската етика за верификација на изворите“, велат од партијата.

18.11.2022 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега