Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека планира да поднесе оставка на 25 или 26 септември, веднаш по завршувањето на неговото учество на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Општите политички дебати на ОН се закажани од 22 до 28 септември, по што Вучиќ се враќа во земјата за да се вклучи во предизборната кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 25 октомври. Тој ќе настапи како носител на листата на владејачката Српска напредна партија (СНС) и кандидат за премиер.
Обраќајќи се кон јавноста, Вучиќ истакна:
– Сакам да ја почнам кампањата како обичен граѓанин.
Тој додаде дека неговата цел е да овозможи фер и демократска борба во која граѓаните слободно ќе можат да ја изнесат својата оценка за политичките актери. Најавата за повлекување од претседателската функција доаѓа откако тој слични најави даде и во текот на месец јуни.


