Во предизборниот период до локалните избори на 19 октомври, Прес 24, ќе објави интервјуа
со кандидатите за градоначалник на Скопје. Тие интервјуа се предвидени да ги отсликаат нивните размислувања за неколку клични точки кои се важни за идниот развој на Скопје.
Интервјуата се дефинирани на исти теми и прашања, од кои гласачите ќе можат да направат компаративнин анализи на идеите на кандидатите за тие теми. Во темите опфатени се јавниот превоз, урбанизацијата на градот, чистотата, сообраќајните коридори, организацијата на локалната власт.
Третото интервју е на Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Скопје од ГРОМ и
коалицијата „Искуство за успех“.
ПРЕС 24: Јавниот градски превоз е една од црните точки на Скопје. Кои се Вашите позиции за ова? Што му треба на Скопје? Метро, трамварј, автобуски јавен превоз?
ТРАЈАНОВСКИ: Мислам дека ниту Скопје, ниту јавниот превоз нема време за дискусија од ваков тип, со оглед на девастиранта состојба во која се најога ЈСП. Ако имаме 75 милиони евра на
наменска сметка од ЕБОР (Европска Банка за Онова и Развој) за реализација на БРТ, тоа и треба да го направиме. Да го одглавиме проектот од политичките преписки и да им го овозможиме на
граѓаните она за кое сме се задолжиле со нивни пари. Пет години се плаќаат камати за овој заем,
а проектот се уште не е отпочнат само заради политичката пресметка помеѓу СДСМ и ВМРО-
ДПМНЕ. Паралелно и набавка на нови електрични автобуси со поддршка од владата е повеќе од
потребна. ЈСП иако е претпријатие под капата на Град Скопје, тоа е од стратешко значење за
државата, оттука постојана соработка и поддршка од владата е логична и целосно оправдана.
Јавниот транспорт во Скопје е одлика на градот, но и на државата, со него се возат граѓани од цела земја, од секоја возраст, не само скопјани. Граѓаните заслужуваат редовен, брз и удобен превоз, но и вработените заслужуваат услови за работа и исправни возила, а тоа денес за жал не е случај. Мојата визија е јавен превоз кој ќе биде првата опција, а не последната.
ПРЕС 24: Каков е Вашиот план, што може да се очекува како решение и до кој обем во мандат од 4 години?
ТРАЈАНОВСКИ: Град Скопје во следните четири години ќе мора да работи на неколку клучни
работи. Јавните претпријатија кои пружаат одредени услуги се во девастирана состојба, а
најголемата причина за тоа е политиката и партиските вработувања. Справувањето со хигената и
современо подигање на отпадот и ѓубрето од улицијте, јавниот превоз, санацијата на водоводната
мрежа сметам дека треба да биде приоритет. Паралелено со ова мора да се направи
реорганизација во претпријатијата. Низ годините, јавните претпријатија повеќе се ставени во
служба на партиите како бироа за вработување отколку за основните услуги за кои се формирани.
Ова мора да престане ако сакаме функционални претпријатија и услуги. Дополнително градот
мора да работи на зголемување на приходите, една Приштина која е третина од Скопје има
поголем Буџет.
ПРЕС 24: Втора клучна точка е сообраќајот во главниот град. Имате ли план за проширување, намалување, или пак за реорганизација на сообраќајници и булевари?
ТРАЈАНОВСКИ: Ќе ми верувате ли ако ви кажам дека за улиците, булеварите и сообраќајот во
градот ништо не треба да мислите, се е измислено и испланирано. Сите улици, булевари и
мостови кои многумина ги ветуваат со децении наназад постојат во проектна форма во некоја
фиока во градот. Во Град Скопје, во секторите за урбанизам, просторно планирање и сообраќај
работат експерти и луѓе кои си ја знаат работата. Од тунелите под Кале, мостовите кои сеуште не
се завршени, мостот кој треба да го поврзе бул. Илинденска со улица Скупи и да продолжи во
Ѓорче Петров, мост кај Вардариште кој го поврзува Аеродром со Гази Баба, поврзување на Кисела Вода со Аеродром со мост или подземен премин од ул. Народни Херои до бул. Трета Македонска Бригада, подземната улица кај Лимак со кружни текови на две нивоа кај Нова Македонија, Јужен Булевар како трета главна артерија покрај Партизанска и Илинденска, продолжувањето на Словенечка се до Ново Село и Волково. Треба само да ги насочите ресурсите и капацитеите и да се отпочне со реализација. Но ако сакаме вистински ред во сообраќајот во градот тогаш треба да размислуваме за Сообраќајна полиција под капа на градот. Секаде во светот и Еврпа полицијата е поделана на градска, регионална и нацинална. Нели е логично ако Град Скопје инвестира милиони евра во улици, булевари и сообраќајна сигнализација, да прибира дел од средствата од санкциите за сообраќајни прекршоци. Со тие средства градот ќе може да ги одржува и санира улиците многу по ефикасно, а сообраќајната култура за многу брзо време ќе биде подигната.
ПРЕС 24: Што со централното градско подрачје? Дали би поддржале и реализирале идеја за мнаплата за транзит низ Малиот Ринг со автомобили, по примерот на други метрополи?
ТРАЈАНОВСКИ: Патната инфраструктура на Скопје и централното градско подрачје не е планира за рестрикција на централното градско подрачје туку за директен и брз транзит, поставеноста е од времето на Кензо Танге. Но за да се размислува во оваа насока треба да се реализираат некои од улиците и мостовите кои ги напоменав погоре, а се надвор од Малиот Ринг. Ако се направи третата главна артерија Јужен Булевар, да се довршат мостовите во Карпош кај Љубљанска, мостот Генерал Михајло Апостолски во Аеродром, мостот кај Вардариште и мостот до Владата на РМ према Калето кон Ул Лазар Личеновски, серизно ќе се растерети Малиот Ринг, а ќе се створат и алтернативни траси кои го заобиколуваат, тогаш би можеле да размислуваме во оваа насока.
ПРЕС 24: Дали на Скопје му требаат нови паркинг простори и каде?
ТРАЈАНОВСКИ: И тоа како, на крајот на 20тиот и почетокот на 21виот век, Скопје имаше квота од 0.8 возила по глава на жител, денес квотата е 2.6 возила по глава на жител. Причини за ова се некои јави политики на други нивоа на власт како увозот на половни возила од странство, но Скопје мора да се адаптира според развојот и еволуцијата на градот и потребите на граѓаните.
Како приоритетни локации за иградба на нови паркинг простори и катни гаражи би ги издвоил
Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, катна гаража на бул. Никола Карав (Пластичарска), Карпош, Кисела Вода и Аеродром. Сообраќајната култура во Скопје исто така е на незавидно ниво. На ова мора сериозно да работиме во сите општини, населби и маала. Не можеме да очекуваме сообраќајна култура и свест од луѓето во централното градско подрачје и урбаните места, ако таа ја немаат во нивното маало.
ПРЕС 24: Трет сериозен проблем во градот е чистотата. Кој е вашиот план за почисто Скопје?
ТРАЈАНОВСКИ: За мене ова е прв проблем, сметот се собира по систем воспоставен од
седумдесетите години. Тогаш Скопје бил град од 300 илјади жители, а денес е тројно поголем.
Тука не треба да измислуваме топла вода, постојат примери од европските метрополи како тоа
може да се унапреди. Претставници на Град Скопје, ЈП Комунална Хигена и членови на Советот на Град Скопје низ годините биле во посета на некои од овие градови за да видат како се прави тоа.
Како пример би ги посочил, Виена, Љубљана и Истанбул. Доволно е контејнерите да имаат
сензори кои укажуваат колку се полни, а во централата да има софтвер кој ја уцртува
најекономичната и најбрза рута за подигање на сметот, наместо камионите да возат и да бараат
полни контејнери за подигање.
ПРЕС 24: Дали Комунална Хигиена и Паркови и Зеленило треба да се трансформираат во општински претпријатија, или да останат централизирано градско претпријатие?
ТРАЈАНОВСКИ: Граѓаните го гледаат Скопје како „валкан град“ со запуштени зелени површини.
Темата со ѓубрето и зеленилото е актуелна секои избори и најчесто на удар се градоначалниците
на општините. Зашто општините да не бидат тие кој ќе го собираат и подигаат ѓубрето и одржуваат зеленилото на нивата теритоја? Ова го кажувам во насока на ефикасност, функционалност и децентрализација. Градот да остане да се грижи за чистотата на „Малиот Ринг“, Градски Парк, државните институции и знаменитости на градот, а општините да го преземат подигањето на ѓубрето од улиците и зелените површини. Повеќето општини веќе имаат свои комунални претпријатија, други тоа го имаат решено со јавни приватни партнерства или диркетни вработувања. Политиката и партиските вработувања ги уништи јавните претпријатија, вака ќе ја поделеме одговорноста според логиката на граѓаните, но ќе ја зголемиме ефикасноста и чистотата. Комуналните давачки и таксата за одржување на градско зеленило кои ги плаќаат граѓаните ќе ги предадеме на општините, така тие ќе можат да набават опрема и возила.
Општините имаат многу поинтезивна комуникација со граѓаните и само преку нив можеме брзо
да достигнеме висока свест и селекција на отпад. Скопје нема повеќе да биде „валкан град“, туку
пример за чиста и уредна метропола.
ПРЕС 24: Урбанизацијата на Скопје. Каква е Вашата политика за развојот на градот?
ТРАЈАНОВСКИ: Во тек е изработката на новиот Генерален урбанистички план, за да добиеме
документ кој е во интерес на скопјани, а не на мал број инвеститори мора постапката да биде
транспарентна, со јавна расправа и вклучување на стручната јавност и граѓанските организации.
Скопје мора да расте рамномерно – да не се задушува центарот и централните општини, туку
развојот да се пренасочува кон периферијата со соодветна инфраструктура.
ДУП-овите мора да почиваат на три основни принципи: законитост, транспарентност и јавен
интерес. Секој сомнителен план да биде преиспитан и по потреба вратен на доработка. „Тајната
формула“, ако може да се нарече така, е едноставна – да се почитува стручноста и јавниот интерес пред партиските и профитните калкулации. Само така ќе изградиме град кој е одржлив,
функционален и достоен за живот.
ПРЕС 24: Во кој правец треба да се шири Скопје?
ТРАЈАНОВСКИ: Скопје мора да се модернизира и од внатре и од надвор. Дигитализација е повеќе од потребна за да се поедностави комуникацијата на граѓаните и стопанството. Граѓаните и правните лица имаат аверзија кога треба да се поднесе барање до градот или да се поднесе
предмет. Мораме да ги отвориме, поедноставиме и убрзаме постапките. Скопје треба да биде
град кој ќе креира продиктивна атмосфера и комодитет и за жителите и за стопанството,
едноставно мора да поттикнува развој.
ПРЕС 24: Управувањето со отпад. Градот, државата (владата), или приватен инвеститор е решение за Дрисла?
ТРАЈАНОВСКИ: Скопје во неколку наврати има лошо искуство со неуспешни јавни привтани
партнерства и приватни инвеститори. Сметам дека градот треба да го задржи управувањето со
отпадот и менаџирањето на Дрисла. Но мора сериозно да се инвестира во современи методи на
третирање и обработка на отпадот, а од него да се произведуваат суровини и реагенси. Ако ме
прашувате мене потребна е уште една локација за ефикасен третман на отпадот од другата страна на градот. Дрисла исто така е направена за потребите на градот од минатиот век. Еден камион со ѓубре од Карпош или Ѓорче може да отиде еднаш до Дрисла и назад, толку отишол денот. Погон за обработка на градежниот шут и кабастиот отпад исто така е нешто што мора да се имплеметира, во спротивно и понатаму ќе ни се појавуаат брда со ѓубре и диви депонии кои се
најтешки за чистење.
ПРЕС 24: Имате ли идеја како Скопје да стане град со нула отпад на улица?
ТРАЈАНОВСКИ: Прашањата некако се надополнуваат на оваа тема, затоа и посочив дека ова
проблем број еден за градот. За да имаме град со нула отпад на улица потребна е непосредна
соработка и подршка од сите. Градот не смее и не треба да биде оставен сам. Политиката на
страна, срамота е во 21ви век и 2025година со ѓубре политички да се пресметуваме. Затоа сметам
дека подигањето на отпад од контејнерите треба да се предаде на општините, градот да
инвестира во современо управување, обработка и процесирање на отпадот, а сето ова мора да
биде со поддршка од владата, сепак Дрисла е регионална депонија која е во план за развој и
унапредување на секоја влада, тоа не треба да биде така само на хартија. Комунална полиција е
повеќе од потребна во Скопје, сметам дека таа единствено може да дејстува превентивно во
однос на загадаувањето на околината и воздухот. Лиценцирање и систем за следење на сите
товорни возила од градежниот сектор, за да точно се знае каде подига градежен шут, каде го
истори и измени во законот за санкции кои ќе овозможи поголеми казни за загадувачите и
пофикасно спроведување на истите.
ПРЕС 24: Постоечката локална организација. Дали треба да се менува и во кој контекст? Начин на финансирање, начин на избор на претставници, територијално? Поголема централзиација, или поголема децентралзиација?
ТРАЈАНОВСКИ: Процесот на децентрализација кај нас е започнат, но одамна напуштен и застанат, причина за тоа е политиката и концентрирање на моќта. Лично сметам дека децентрализацијата треба да се интензивира и да продолжи, премиерот и владата треба да се занимаваат со сериозни јавни политики од национален интерес и стратегии, а не со промена на прозори во градинки, училишни спортски сали и споредни улици. Во Македонија има толку многу работи за сите нивоа на власт, треба само да се засукаат ракавите и да се сработи и реализира. Политиката одамна не е решение кај нас, туку изговор.