Александар Даштевски: Подготвени сме за избори споени или одвоени

 

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, вели дека Државната изборна комисија е подготвена да ги спореведе изборните следната година, без разлика дали ќе бидат споени или не. Во интервју за Прес24, оденува дека таквата одлука е на партиите, но негово мислење е дека спојувањето на изборните процеси ќе биде поефикасно.

-Спојувањето би значело и заштеда на 30-40% од средствата кои се предвидени во буџетот. Понатаму, во изборниот процес се вклучени околу 40 000 луѓе како членови на ОИК, ИО, помошни тела и др. кои треба да бидат во изборниот процес подолго време. Тоа значи ангажирање на голем број човечки ресурси кои покрај висината на хонорари нема да можоат да ја работат својата основна работа. Конечно, временската рамка ќе се пролонгира  и наместо во исто време, изборите ќе се пролонгираат неколку месеци. Според мое лично мислење спојувањето на изборите би обезбедило и цензус, што е потребен за да не дојде до повторување на едните избори, а тоа дополнително би ја искомплицирало состојбата, вели Александар Даштевски во интервју за Прес 24.

Користењето на фингерпринтот за регситрација на гласањето од последните избори се покажало како ефикасна метода, но за електронско гласање Даштевски смета дека се уште е рано.

-Иако во регионот веќе има неколку држави кои го воведоа ваквиот начин на гласање, сметам дека кај нас е уште рано да се зборува за тоа. Во секој случај електронските алатки се повеќе ќе се употребуваат и во изборните процеси, како што е тоа во сите свери на општеството, но мое лично мислење е дека има и други алатки кои можат да го направат поефикасен избирачкиот процес, како на пример, електронски гласачки кутии и електронско броење на гласовите, каде што гласачките ливчиње би биле со бар код и на крајот на броењето ќе мора да се совпаднат, вели Даштевски во интервјуто.

 

ПРЕС24: Каква е моменталната подготвеност на Државната Изборна Комисија за предстојните изборни циклуси во Македонија?

ДАШТЕВСКИ: Бидејќи тоа е основна работа на комисијата, почнавме да се подготвуваме сериозно уште пред неколку месеци за предстојните изборни циклуси. Пред се, ги прегледавме и усогласвме сите потреби за наредните циклуси. Голем дел од работите се завршени, а целосна подготверност за сите дејствија кои ќе се преземаат во текот на изборите треба да заврши до крајот на оваа година. На пример, веќе се во тек обуки на сертифицирани обучувачите кои подоцна треба да извршат обуки на Општинските изборни комисии и Избирачките одбори.Тука се и подготовките за доверливиот и недоверливиот материјал кои овој циклус ќе ги направиме со рамковни спогодби. Тоа значи дека ке се завршат постапките во една рамка и потоа, кога ќе дојде време само ќе ги побараме материјалите во висина на таа договорена рамка.

ПРЕС24: Искуството од минатите избори на кои се користеа уреди за биометриска идентификација на граѓаните каквианализи произведе, има ли моменти кои треба да се доусовршуваат на овие избори?

ДАШТЕВСКИ: Сакам да напоменам дека по завршување на изборите во 2021 година беше направена анкета за истражување на јавното мислење која ги даде следните резултати: по Локалните избори во 2021 година , 57% од граѓаните изборите ги оцениле позитивно, додека 66,3% ја оцениле работата на ДИК позитивно. Анкетираните граѓани високо ги оцениле и професионалноста во работењето, интегритетот, брзината, транспарентноста и независноста на ДИК. 50,6 % ја оцениле употребата на Уредите, како одлична, односно многу добра, а околу 50% сметаат дека употребата на УБИГ ја зголемува довербата  во изборниот процес.

Што се однесува до искуствата ДИК веќе има направено план за ангажирање на доволен број луѓе за спроведување на изборите со овие Уреди, има доволно време на се направат подобри подготовки, односно обуки на Председателите и нивните заменици на избирачките одбори кои работат со нив, подобро да се екипира ИТ службата која врши техничка подготовка на Уредите и ги полни со податоците од избирачкиот список итн.

По однос на другите работи потребни се законски измени за да може да се преземе нешто од страна на ДИК. Како што сум информиран има неколку предлози од работната група која што ги подготвува измените на Изборниот законик, но со оглед на тоа дека измените сеуште не се ни во Собранието, да причекаме што од тие предлози ќе биде прифатено.

ПРЕС24: Многу пати е зборувано за опцијата на електронско гласање, што покажуваат вашите анализи, вреди ли да се инвестира во еден таков процес.

ДАШТЕВСКИ: По однос на ова прашање сакам да истакнам дека ДИК не прави такви анализи. За тоа одлучуваат политичките партии, односно законодавецот кој потоа треба да го изготви предлогот и да го имплеметира во Изборниот законик. Иако во регионот веќе има неколку држави кои го воведоа ваквиот начин на гласање, сметам дека кај нас е уште рано да се зборува за тоа. Во секој случај електронските алатки се повеќе ќе се употребуваат и во изборните процеси, како што е тоа во сите свери на општеството, но мое лично мислење е дека има и други алатки кои можат да го направат поефикасен избирачкиот процес, како на пример, електронски гласачки кутии и електронско броење на гласовите, каде што гласачките ливчиње бо биле со бар код и на крајот на броењето ќе мора да се совпаднат. Како што реков ова е мое лично мислење, а останува на политичките фактори во државата да се договорат кои чекори ќе ги преземат понатаму.

ПРЕС24: На минатите избори се случи еден поприлично комплициран процес на регулирање на средствата за медиумска кампања. Протоколите налагаа купишта документација што медиумите требаше да ја достават за наплата на средствата. Како ќе биде на претстојните избори?

ДАШТЕВСКИ: Ако се сеќавате во текот на минатите избори се случија измени на Изборниот законик по распишување на изборниот процес. Дел од тие измени се однесуваа на средствата за медиумска кампања. Знам дека тука требаше да има некои измени пред се во поправилно распоредување на средствата. Сметам дека сеуште треба да се работи на тоа прашање. Државната изборна комисија на наредните избори ќе биде поподготвена за оваа постапка во смисла на зголемување на капацитетот на човечките ресурси во материјално-финансискиот сектор, кој работи на овој дел и подобрување на организацијата на работење која ќе придонесе за поефикасно завршување на работата. Политичките партии исто така ги усовршија методите за усогласување на документацијата, така што и тоа ќе помогне за побрзо да се заврши работата. Инаку, се согласувам дека тоа е макотрпен и напорен процер кој во идинина треба да се разработи подетално и да се имплементира во законот.

ПРЕС24: Меѓу партиите се уште нема консензус за тоа дали изборните циклуси за претседателските и за парламентарни ќе се одвиваат посебно или споено. Од аспект на организацијата на изборните процеси, што е покомплицирано за работата на ДИК?

ДАШТЕВСКИ: Што се однесува до ДИК тоа е тело кое се грижи за спроведување на изборите. Тоа што ќе се договорат политичките партии ДИК ќе се обиде да го спроведе на најефикасен можен начин. Ако ме прашувате лично можам да кажам дека имала пракса до сега да се спојат два циклуса на избори кога доаѓаат во иста година. Тоа секако ќе биде и полесно и побрзо и посигурно. Спојувањето би значело и заштеда на 30-40% од средствата кои се предвидени во буџетот. Понатаму, во изборниот процес се вклучени околу 40 000 луѓе како членови на ОИК, ИО, помошни тела и др. кои треба да бидат во изборниот процес подолго време. Тоа значи ангажирање на голем број човечки ресурси кои покрај висината на хонорари нема да можоат да ја работат својата основна работа. Конечно, временската рамка ќе се пролонгира  и наместо во исто време, изборите ќе се пролонгираат неколку месеци. Според мое лично мислење спојувањето на изборите би обезбедило и цензус, што е потребен за да не дојде до повторување на едните избори, а тоа дополнително би ја искомплицирало состојбата.

ПРЕС24: Иако е тешко да се верува дека до изборите се можни крупни измени на изборниот законик, од типот една изборна единица, сепак едно такво сценарио може ли да значи компликација на изборната организација?

ДАШТЕВСКИ: Експертските работни групи кои работеа во министрество за правда, со учество на неколку члена од ДИК, главно направија предлози за технички промени кои ќе придонесат за поефикасно спроведување на изборите и со кои ќе се имплементираат предлозите на ОБСЕ, што е редовна практока во измените на законот. Сега останува да се усогласат ставовите на политичките партии и таквиот предлог да оди во собрание каде што треба да се сонесе со двотретинско мнозинство.

ПРЕС24: Неодамна беше промовиран кодекс за однесување на онлајн просторот за време на избори, дали тој механизам може да даде гаранции и што подразбира тоа „Кординативно тело за следење на почитување на правилата?

ДАШТЕВСКИ: Како што знам тој кодекс за однесуванје во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми е донесен од страна на ААВМУ така што и прашањето би требало да се однесува кон нив.

Државната изборна комисија  ги донесе Етичкиот кодекс на ДИК и Етичкиот кодекс изборна администрација. Овие кодекси се во рамките на потпишување на политика за интегритет од страна на ДИК. Во таа смисла веќе започнавме со имплементација на овие кодекси во редовното работење.

ПРЕС24: Се заговараше формирање на центар за обука за избори. Што има од тоа? Може ли да има ефекти до изборите.

ДАШТЕВСКИ: Постапката за формирање на тој центар е во тек. Тој проект го работиме со помош на ИФЕС. Треба да направиме неколку измени во нашите интерни акти. Исто така треба да се направи мала измена во Изборниот законок со кој ќе се предвиди такво тело во рамките на Државната изборна комисија. Се работи за центар што ќе прави перманентна обука на сите учесници во изборниот процес (т.н.стејкхолдери). Лично сметам дека не постои поефикасно средство за подобрување на изборните и на демократијата од зголемување на свеста на граѓаните за нивните права и обврски во изборните процеси. Се разбира за тоа се потребни и финансиски средства. Доколку ги направиме горниве измени ИФЕС и Швајцарската амбасада се подготвени да покријат дел од трошоците за да заживее тој процес побрзо и ефикасно.

ПРЕС24: Каква е кадровската и финансиската кондиција на ДИК.

ДАШТЕВСКИ: Пред една недела во министерството за финансии го договоривме буџетот за 2024 година кој ќе изнесува  1 000 000 000 денари. Она што никако не ни оди е дека од програмата за Унапредување и вработување на кадри  не успеваме да добиеме ниедно решение од министерството за финансии за 2023 година. Се надевам дека до крајот на годината ќе успееме да обезбедиме унапредување и вработување барем на неколку позиции, бидејки многу луѓе ја напуштија ДИК од тие причини, а нивните места не се пополнети. Повеќе пати сим истакнал дека сите вработени во ДИК се врвни професионалци и високо стручни кадри, но доколку продолжи овој тренд да нема унапродување и вработување тоа ќе преставува сериозен проблем за опстанокот на институцијата.

 

30.10.2023 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега