Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија.

Денеска Бегај ќе се сретне со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, додека утре ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и ќе оствари средби со претставници на државниот врв.

Од Општина Чаир соопштија дека градоначалникот Меџити, во духот на унапредување на институционалната соработка и зацврстување на одличните билатерални односи, ќе го пречека претседателот Бегај со свечен прием. По средбата, заедно со придружната делегација, тој ќе ја посети џамијата Мустафа Паша и Старaта чаршија, каде ќе положат цвеќе на споменикот на националниот херој Ѓeрѓ Кастриот – Скендербег, проследено со изведба на националната химна и културно-уметничка програма на Државниот ансамбл.

Exit mobile version