Албанската полиција заплени над 37 илјади садници канабис
Албанската полиција кај Велипоја открила пластеници со марихуана, при што запленила 37. 336 садници од ова наркотично растение.
Во акцијата уапсено е едно лице, а по друго се трага а запленети се и автомобил, трактор и предмети што се користат за оваа криминална активност.
Акцијата ја поздрави министерот за внатрешни работи Таулант Бала и им честиташе на припадниците на државната полиција за акцијата.
28.03.2024 - 15:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа