Албанија забрани увоз на македонските јајца поради птичји грип
Министерството за земјоделство и рурален развој на Албанија преку посебни наредби презеде заштитни мерки против болеста птичји грип со висока патогеност кај птиците, и забрани увоз од Македонија. Забрана е воведена и за уште 17 држави меѓу кои Хрватска, Данска, Италија, Бугарија, Унгарија, Германија, Полска, Франција, Чешка, Словачка, Романија, Молдавија, Шпанија, Португалија, Франција, Норвешка и Австрија.
Мерките вклучуваат забрана за увоз и транзит низ територијата на Република Албанија на: жива живина, бројлери, декоративни птици, биолошки материјал од птици, јајца од живина, месо од живина не обработено термички како и на нуспроизводи од живина што не се термички третирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа