Албанец приведен на „Ќафасан“ – го бараат грчките власти

34-годишен државјанин на Албанија е уапсен на ГП „Ќафасан“ по барање на грчките власти.

-Синоќа во 01.30 часот при влез во Република Северна Македонија, на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Ц.Л.(34) од Пешкопеја, Република Албанија, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп - листа со мерка „апси“, по барање од Интерпол - Атина, Република Грција, велат од полицијата.

Тој бил приведен и во 05.30 часот бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.    

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2020 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега