Албанците во Македонија се вакцинираат двојно помалку од Македонците

Албанците во Македонија се вакцинираат двојно помалку од Македонците покажува анкетата на ИПИС направена во соработка со поратлот Религија.мк.
Според неа, 60% од граѓаните се вакцинирани, додека нешто под 40% не се.
Гледано според етничката структура, вакцинирани се 66,5% од етничките Македонци и 34,6% од етничките Албанци.


83% од граѓаните рекле дека веруваат дека ковид 19 постои додека се уште има нешто под 5% граѓани кои сметаат дека вирусот не постои.


По етничка структура и Македонците и Албанците во убедливо мнозинство веруваат дека корона вирусот постои иако бројот на етнички Албанци кои не веруваат во вирусот е двојно поголем од оној на етничките Македонци

Анкетата е спроведена од ИПИС врз репрезентативен примерок од 1125 испитаници на крајот од минатиот месец.

06.12.2021 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа