Алармантни бројки на новозаразени и починати од Ковид во Србија

Во последните 24 часа во Србија регистрирани се 3497 новозаболени од Ковид -19 ,а направени се 15 127 тестови. 

Во последното деноноќие од последици предизвикани од корона вирусот починале 19 лица.

Во моментов низ болниците низ Србија според Министерството за здравство и институтот „Батут“ на респиратор се вклучени 93 пациенти, инаку на болничко лекување се 1451 граѓани.

Од почетокот на епидемијата , во Србија се потврдени 776 923 заболени од корона вирусот, а направени се вкупно 5 089 876 теста. Од последици предизвикани од корона починале 7358 лица.

 

05.09.2021 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега