Британската агенција за здравствена безбедност (UKHSA) потврди дека најмалку 36 бебиња развиле симптоми на труење по консумација на адаптирано млеко кое содржи опасен токсин. Ова доаѓа по масовното повлекување на повеќе од 60 серии од производите на „Nestlé“ и „Aptamil“, поради присуство на цереулид – токсин кој предизвикува повраќање и дијареја кај доенчињата.

Истрагата на Агенцијата за стандарди за храна (FSA) откри дека изворот на контаминацијата е маслото од арахидонска киселина (ARA), клучна состојка која доаѓа од заеднички снабдувач на двете светски компании.

„Најновата серија што треба да се повлече се однесува на пакувања од 800 грама од формулата SMA Advanced First Infant Milk. FSA ги повика сите што имаат некој од засегнатите производи веднаш да престанат да ги користат и да се консултираат со лекар“, пренесува „Independent“.

Меѓу погодените производи се популарните линии како SMA Anti Reflux, Comfort, Lactose Free, како и одредени серии на Aptamil. Надлежните предупредуваат родителите внимателно да ги проверат кодовите на пакувањата.

Exit mobile version