„Актуелно.ме“: Македонија пример за регионот со брзата реакција по трагедијата во Кочани

 

Македонија во овие тешки моменти покажа сериозност, организираност и државнички пристап во соочувањето со последиците од трагедијата во Кочани. Ова го пишува Актуелно.ме, за справувањето на власта со последиците од хоророт во кој загинаа 59 лица, додека повеќе од 160 се повредени и се лекуваат во земјава, регионот и странство.

Медиумот пишува дека премиерот Христијан Мицкоски ја превземал координацијата на активностите од самиот почеток, а министри и надлежни институции се постојано на терен.

-Државата на семејставата кои изгубија најблиски веднаш им стави на располагање финансиска, медицинска и психолошка помош, покажувајќи високо ниво на солидарност и хуманост.. Во исто време, Владата најави опсежни мерки за спречување на слични несреќи во иднина, вклучително и засилена инспекција, ревизија на стандардите за безбедност и одговорност на сите пропусти, пишува „Актуелно.ме“.

За потсетување, пишува„Актуелно.ме“, додека Србија се соочува со оставки и протести поради несреќата во Нови Сад, Македонија покажува поинаков став, дека државата може да делува брзо, организирано и одговорно.

21.03.2025 - 08:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега