Актерот Ален Делон планира евтаназија, не сака да биде беспомошен старец

 

Актерот Ален Делон одлучи да го заврши животот со евтаназија. Ова го потврди неговиот син Ентони, кој изјави дека татко му се одлучил на овој чекор за да не мора да поминува низ разни болести.

Синот на легендата на француското кино во интервју за француското радио RTL рече дека татко му решил доброволно да си го прекине животот. Тој не сака да стане беспомошен старец со многу болести.

„Ме замоли да го организирам тоа“, порталот „Скај њуз“ го цитира Ентони, кој додаде дека татко му го замолил да го придружува на неговото последно патување.

Делон (86) живее во Швајцарија, каде што доброволната асистирана смрт е легална. „Во одредена возраст и момент човек има право да си замине тивко, без да помине низ болест“, изјави Делон пред извесно време.

30.03.2022 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега